ме (зам.) - истурка (гл.)

Веќе подолго време не беше нежен со мене, а сега за првпат беше груб.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Почна брзо да се прибира, ги префрли полите од бањарката едната преку другата, го стегна коланот околу половината и просто ме истурка од дома.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Меѓувремено таа продолжи да ме истуркува...
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
- Море, губи се оттука – ќе ми свика тој и, ако е лошо расположен, дури и ќе ме истурка со раце.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
„Не,” рече тој. „Те молам оди. Сам треба да одам.“ Ме истурка до вратата.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Ангелија ги зеде парите и скоро ме истурка од одајчето.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)