ме (зам.) - легне (гл.)

А во издишката цвет еден цути Со многу искри околу цутот (Велат Тоа се ѕвезди), Гнезда во скутот Со пилци разлетани и во него слетани Да ме тешат, да ме успокојат Пред да ме легнат, да ме упокојат.
„Сонети“ од Михаил Ренџов (1987)
Ме легнаа како космонаут во капсула, ми пуштија „Ти си ми у крви“ од Здравко и си отспав.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
Вешто им бегав на камионите по пат. Возеа споулавено и носеа земја за покривање гробови, се надеваа дека ќе ме легнат во влажна дупка.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
По нецел час јас веќе можев да стојам на нозе; се исправив и видов дека додека јас сум бил во мојата светлина и со неа, Земанек и другарите ме пренесле во самиот археолошки локалитет, под едно импровизирано тремче кое си го направиле археолозите да ги штити од сонцето; ме легнале на едно полско креветче.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Ме легнаа да ме оперираат.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Карољ веднаш ме зеде и ме легна.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Ме легна на еден кожен кауч.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
- Леле, внуко, Ѕвездо моја, како да те крепам, мило? да ми станеш, мила Ѕвездо - ти да станеш - јас да легнам - зашто мене ми е редот - јас да умрам и куртулам - од пустава старост мачна подгрбена, снемоштена, без домаќин - без чедото - сосечено од душмани - стани, мила моја Ѕвездо - мене стара да ме легнеш! - зашто змија ме каснала - отровница, проклетница - леле, злоба озлобена ме раскина, ме парчоса - да си појдам во темната - во темната безденија - мене таму ми е редот...
„Молика пелистерска“ од Бистрица Миркуловска (2014)
Така со часови, цел ден... потоа, ме легнаа на карпата и ме праша: - Ќе потпишеш?
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
Не знам кога ме легнаа на дрвениот кревет.
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
- Не зборувај глупости, да не те легнам. - Оф, како би сакал да ме легнеш, место празнина, да ме легне една убава, сакана, топла полнота!
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Ме легнаа и додека татко ми ја држеше главата на перницата, мајка ми се обидуваше со игла да го извади зрното. Ме болеше, пискав, се превиткував. Мајка ми не успеа.
„Добри мои, добар ден“ од Глигор Поповски (1983)
И Јон ме зеде под мишка и ме легна во ,ржта, ме намести.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)