И поитав кон одајата на Филозофот, но за да дојдам до неа, требаше да поминам крај одајата на Лествичникот, пречка несовладива да минам, оти тој старешина беше и можеше секој миг да излезе од одајата своја и да ме праша каде одам во глуво доба и какви сојузи склучувам со нечестивиот; можеше да ме накодоши за сојуз со рогатиот кај логотетот, и главата да ми ја отстрани од раменици, ако се случеше тоа.
„Папокот на светот“
од Венко Андоновски
(2000)
Ни за буна знам, ни за нишчо. Си го направил некој ќевот, ме накодошил да ме страмите.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)