Градот ме одбрал, како што одбрал и Ј., и татко ми, па иако имињата на градовите се менуваат, нив, моите најблиски секогаш ги гледам во истиот.
„Слово за змијата“
од Александар Прокопиев
(1992)
Филозофот се сврте кон мене, ме погледна, и јас знаев дека мене ќе ме одбере за сопатник свој во подвигот што се готвеше.
„Папокот на светот“
од Венко Андоновски
(2000)
Ме одбраа едногласно под услов што го постави Пенчо: Баждар да ги каже брзо, како што тоа го правеше често, имињата на сите градови што ги знаеше.
„Улица“
од Славко Јаневски
(1951)
Краста: Не, Тики, не ни помислувај на тоа! Јас сум избраниот.
„МАРГИНА бр. 37“
(1997)
Од сите смртници Чедо ме одбра само мене!
„МАРГИНА бр. 37“
(1997)
Нејзините постапки сè повеќе ме туркаа во занаетот што го одбрав или ме одбра, не знам, но знам и сега дека ништо не би работела подобро од тоа.
„Полицајка в кревет“
од Веле Смилевски
(2012)