ме (зам.) - повлече (гл.)

Ми иде да ѝ се предадам да ме повлече во себе, но зелената макар колку да заплашува со својата блештавост и секавичност со која надоаѓа, ме подмамува.
„Балканска книга на умрените“ од Мето Јовановски (1992)
Цел живот одел над провалија, најпосле и мене ме повлече, а не знае!
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Бев многу среќна кога тој ќе ме бркаше мене.
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
Подзастанував за да ме фати и да ме повлече за плетенки.
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
Минато На д-р Миле Врчаковски Утрово еден црн, еден безмилосен ветер, со крвави заби, со крвјосани очи, со окрвавена кошула по рабовите, ги разотвори прозорците, ги расфрла книгите, ме повлече за раце и ме фрли во оваа безобличност и пустош...
„Две тишини“ од Анте Поповски (2003)
Го гледав занемен тоа страшно безредие, кога Емилија ме повлече за рака.
„МАРГИНА бр. 26-28“ (1996)
„Што правиш тоа?“, ме праша, очигледно изненадена од таа игра, од таа неочекувана и за неа непозната нежност после гризењето по целото тело; „Го барам папокот на вселената“, реков; и кога продолжив со таа игра со папокот, таа се смири; престана да ме удира, рацете ѝ тргнаа кон моето лице, ме повлече кон своето лице, кон устата, и веќе следниот миг, според начинот на којшто ме прими и се отвори јас знаев (тоа движење ми беше сосема непознато, како на маж кој не преспал со жена): тоа не беше онаа Луција што доскокна од вратилото во мојата прегратка.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Ја фрли далеку и ме повлече со два прста за нос.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Нешто ме гонеше да се наведнам над него, да му ѕирнам во вкочанетите очи, но некој ме зграпчи за врат и грубо ме повлече.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Ми тутна в раце динар и ме повлече за нос. - Трчај, купи драви.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Стихијата ме повлече и јас појдов со војувачите.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Претпазливо ѕирна низ сивиот плот потоа ја отвори дрвената врата и ме повлече во дворот, во густ босилек и во некое жолто ситно цвеќе.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
-Се преплашив, мислев дека ме повлече некоја сила, ме фати за нозете, цврсто стегајќи ме, ме влечеше надолу, надолу – објаснуваше со возбуда Еразмо.
„Мудрецот“ од Радојка Трајанова (2008)
- Баш сте досадни, - рече Марина, која се створуваше секаде каде што ми беше најпотребна, и ме повлече на другиот крај од ходникот.
„Друга мајка“ од Драгица Најческа (1979)
Ако не ме повлечеше Марина, не знам што ќе им речев на другарките, не знам што ќе им одговорев, но чувствував дека имам потреба да ја заштитам Вера, мислев дека беше неправилно обвинета.
„Друга мајка“ од Драгица Најческа (1979)
Седни ваму малку, - зборуваше и ме повлече на каучот до себе.
„Друга мајка“ од Драгица Најческа (1979)
Како да сака да ме повлече кон некое безизлезно дно.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Гавранот добродушно се насмеа и ме повлече благо за нос.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Помеѓу нас седна Марија и нежно со два прста ме повлече за коса.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Некој ме повлече за ракавот и ми покажа цигара. Ја зедов. Тој се бунеше.
„Ниска латентна револуција“ од Фросина Наумовска (2010)
Вратата со напор се отвори, и висока правоаголна сенка жедно ме повлече внатре.
„Ниска латентна револуција“ од Фросина Наумовска (2010)
Сите тројца се држеа за рака и ме бодреа велејќи ми: Не плаши се, ние тројцата не те даваме да паднеш долу.
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)
И јас со левата ја дофатив раката на Полјакот, и сега морници ми поминуваат кога ќе се сетам, левата нога ми беше врз карпата а десната сè уште во лет, кога тие ме пречекаа и ме повлекоа во една длабнатина во карпата, голема како соба.
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)
Со десната рака ми ја фати брадата одоздола и силно ме повлече кон цицката.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
Ме повлече некоја невидлива сила во играта, некоја таинствена плетка од случајности, некоја самоизмама која за секогаш за мене ќе остане тајна, но ме повлече и ме задави и некој див нагон, нешто ѕверско што секој од нас го носи длабоко во себе, некоја алчност, незаситност.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
Ме погледна низ полузатворени клепки и знаев дека ја совладуваат чувствата и дека можеби токму во тој миг ќе ми ги подземе рацете, ќе ме повлече и дека двајцата ќе полетаме за, конечно, да ја прелетаме оваа долга, бескрајна ноќ.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
И токму амбивалентноста на терминот Естуар ме повлече или поточно ме вовлече во обидот да се заплови, или да се нурне во матицата или можеби во матрицата (матриксот) која клокоти низ версифицираните слики на Марта Маркоска.
„Сите притоки се слеваат во моето корито“ од Марта Маркоска (2009)
Мислата што ја бев изрекол ме повлече кон случаот со ќерката на мојот пријател Милошевски.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Гледав во црневицата, во толпата, во шумата црна и чемерна и никаде не можев да ја видам мама...
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
Сестричката пак ме повлече за полата и рече: - Ја нема ли мама, бате Кире?
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
Сестра ми ме повлече за полата и низ плач ме праша: - Бате, Кире, ја гледаш ли мама?
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
Наведна глава и шмркна.
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
Разделувањето на подароци и големото запознавање го направивме во големиот салон со белиот мебел.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
Ја фатив кваката среќна дека ќе успеам да избегам, кога по вратот ме повлече тешка рака со дебели канџи кои ми се зарија во месото.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
Ме спасиле во последен момент, кога веќе алигаторот се подготвувал да ме повлече во длабочините.
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
- Стој, - ме запре дедо. - Легни во папратта - ме повлече по себе долу во густата трева.
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
- И моите не се ништо послаби, - му дофрлив јас гордо, веќе готов да му рипнам на пубертетлијата кој од сите најмногу ме нервираше, кога Абраш ме фати со неочекувано силен стисок на раката, ме повлече кон себе и предложи: - Немој, кога ти велам.
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
И ме повлече за рака по себе.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)