Се сетив, ете баш во тој миг, масичето ме потсети, задржано од старата кооперација, можеби за да го избегнам барем во моментот неудопството, се сетив на онаа мала свеченост пред повеќе години, во времето на големата инфлација, кога парите добија многу нули.
„Бунар“
од Димитар Башевски
(2001)
Сонцето ме потсети на Агна, на нејзината желба, секогаш во летата кога сме биле во Маказар, да ги гледа ваквите изгреви.
„Бунар“
од Димитар Башевски
(2001)
Ова место ме потсети на Коринтскиот канал, на Пелопонез.
„Патувања“
од Никола Кирков
(1982)
Сите тие аам-и и еам-и, се некои кревки ластарчиња, витици кои потеруваат самогласките во мене за да ме потсетат дека јазикот, наспроти нас, е долговечно битие кое не престанува да потерува младици и низ постојана возобнова да го запишува и нашето име во нив.
„Две тишини“
од Анте Поповски
(2003)
Една црвена тркалезна самогласка утрово ми се препречила како коска во грлово и сега само аам и еам, само иам и оам, само уам...
„Две тишини“
од Анте Поповски
(2003)
Тоа ме потсети на една мисла што имав намера да ја споделам со вас!
„МАРГИНА бр. 19-20“
(1995)
Ова уривање ме потсети на старецот кога клапна од столот на крајот на реченицата за животот: “Животот умее да расветли но знае и да смрачи”.
„Посегање по чудесното“
од Србо Ивановски
(2008)
Јагулата што рибарот ја извади од реката ме потсети на разумно суштество склопчано во мрежата околу својот сон додека фенерот со мрзелива петролејска светлина бавно но грдо ја разголуваше. декември 2000
„Посегање по чудесното“
од Србо Ивановски
(2008)
Недостасуваше да ме потсети дека ножичката е нејзината најпосакувана алатка.
„Синот“
од Србо Ивановски
(2006)
Всушност тоа се оние поединечни гласови и први сигнали за приближување на опасноста.
„Синот“
од Србо Ивановски
(2006)
И уште напомена дека таа многу не држела до посебните признанија.
„Синот“
од Србо Ивановски
(2006)
Да, заборавивив да спомнам: поигрувањето на прстите ме потсети и на она предупредувачко лулање на гранките и одвај чујното шумолење на лисјата но на онаа надворешна редица дрва во честарот.
„Синот“
од Србо Ивановски
(2006)
Тоа скокна високо, испушти еден жален крик што ме потсети на детски плач, крик што и до ден денешен одекнува во мене, па се струполи крај моите нозе.
„Маслинови гранчиња“
од Глигор Поповски
(1999)
Тој епизоден потрчко на свеченоста одеднаш ме потсети на мене: смешната улога е некој вид бекство од самиот себе, иако е јасно дека секое бегство,порано или подоцна, завршува со замка.
„Слово за змијата“
од Александар Прокопиев
(1992)
Силниот тресок на печатот врз картончето наеднаш ме потсети на ланското влегување во Грција преку граничниот премин Ники.
„На пат со времето“
од Петре Наковски
(2010)
Ова ме потсети на Метаксасовата диктатура кога моите баба и дедо и татко и мајка биле казнувани заради тоа што го зборувале својот мајчин јазик...
„На пат со времето“
од Петре Наковски
(2010)
Додека се враќавме со мајка кон нашиот дом, се сетив на оние години од раснењето, кога се имав отуѓено од Зигмунд, и кога од дома излегував само со неа – чекоревме една покрај друга до пазарот, или до продавницата на татко, и нешто во ова наше враќање дома ме потсети на тие наши прошетки.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)
„Утринава зготвив телешка чорба,“ рече мајка кога го пречекоривме прагот.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)
Многу ме потсети на моето детство.
„Последната алка“
од Стојан Арсиќ
(2013)
- Простете ако се лажам, но оваа насмевка од некаде ми е многу позната. Би сакала да ме потсетите од каде се познаваме.
„Последната алка“
од Стојан Арсиќ
(2013)
За миг ме потсети на ручеците што ги подготвуваше мојата мајка.
„Последната алка“
од Стојан Арсиќ
(2013)
Ја отворам и барам меѓу моите инструменти; младичот, сепак, ја подава раката, посегајќи кон мене за да ме потсети на моето ветување; ја дофаќам пинцетата, ја посматрам на светлината од свеќата и повторно ја враќам на нејзиното место.
„Црни овци“
од Катица Ќулавкова
(2012)
„Веднаш ќе се вратам назад“, помислувам, небаре коњите ме повикуваат да тргнеме, но сепак ѝ дозволувам на сестрата, која мисли дека сум зашеметен од топлината, да ми ја слече бундата.
„Црни овци“
од Катица Ќулавкова
(2012)
А со сегашниот, уште долго ќе стои закачено - биди со резерва, за да ме потсети да не грешам повторно.
„Читај ми ги мислите“
од Ивана Иванова Канго
(2012)
На средбите што ги имавме во Истражниот затвор постојано зборувавме за овој предмет, задржувајќи се на секој детал исцрпно, и јас бев сигурен дека неговиот гест, кога показалецот го стави на пластичната проѕирна папка на предметот “НиЕ”, поттупнувајќи неколку пати на првата буква, а потоа лизгајќи го прстот под краткиот наслов како да го поттцртува, повеќе беше со намера да ја исполни празнината што тој ја почувствува кај мене, отколку да ме потсети или да ме упати на нешто важно за кое требаше посебно да размислувам.
„Полицајка в кревет“
од Веле Смилевски
(2012)
Болката која преминува во сладост ќе ме потсети дека јас сум во реалноста, но дека и јас имам право на свој сон.
„Полицајка в кревет“
од Веле Смилевски
(2012)
По начинот на кој инсистираше и според гласот, Круме Волнаровски покажуваше вознемиреност, но со она “Да седнеме попладне, да се видиме, одамна не сме го направиле тоа, да се опуштиме малку, и така натаму,” ме потсети на деновите кога многу прашања околу Ема Ендековска и нејзиното брзо напредување во службата, за мене беа отворени.
„Полицајка в кревет“
од Веле Смилевски
(2012)
На крајот би сакал да признаам дека по неколуте темелни читања на оваа поетска книга, во огледалото ми остана едно по малку зачудено „смајли”, како халуциноген потпис на оваа ретка поетска објава, на оваа силабичка брканица, која ме потсети на големиот мајстор на џезот, Телониус Монк, на оваа длабоко доживеана и искрена лирска понорница, која проблеснува со силината на Пикасовиот и Клеовиот „свесен инфантилизам”, кој е врв во артикулацијата на најчистото, најпримарното и најиманентното во човека, кое го тера да создава и пресоздава...
„Сите притоки се слеваат во моето корито“
од Марта Маркоска
(2009)
МЕШАЕВ ВТОРИ: (На Љуба) Знаете, чудно нешто: ете - обидот на тој господин, и уште една прекрасна средба, која тукушто ја имав, ме потсетија, дека јас во свое време од немање што да работам се занимавав и со хиромантија, онака, аматерски, но понекогаш многу успешно.
„МАРГИНА бр. 17-18“
(1995)
А сето тоа мене ме потсети на „Баро“ и оние наши подеднакво бесмислени ноќи во коишто без никаков повод и причина се однесувавме како разгалени принцови, па реков да ти се јавам и да те прашам како си.“
„Бед инглиш“
од Дарко Митревски
(2008)
Не знам зошто но тој негов хубертус ме потсети на оние исклучителни знаци што луѓето си ги носат од своето раѓање и никогаш од нив нема да се ослободат.
„Летот на Загорка Пеперутката“
од Србо Ивановски
(2005)
- Сметав на тебе – ме потсети на она на што требаше самиот да се сетам.
„Летот на Загорка Пеперутката“
од Србо Ивановски
(2005)
А потоа Дуда дообјасни: – Бев помислила дека ти си личноста која е во состојба да ме извади.
„Летот на Загорка Пеперутката“
од Србо Ивановски
(2005)
„Да не станува случајно збор за некаков заговор, прашав пред малку” ме потсети Зрновски.
„Летот на Загорка Пеперутката“
од Србо Ивановски
(2005)
- Внимавај - не заборави таа да ме потсети - ранетата рака држи ја во џебот.
„Летот на Загорка Пеперутката“
од Србо Ивановски
(2005)
Всушност оваа постапка на Грофот ме потсети на случајот со нашиот одговорен уредник, кога тој истрча од канцеларијата пред нас а ние петмината соработници се стрчавме по него и го протрчавме речиси половина град, вклучувајќи во оваа натпреварувачка патека и добар дел од главната улица за да втасаме барем во исто време кај компетентното лице во Реонскиот комитет за да ги изнесеме причините за неизвршената задача.
„Летот на Загорка Пеперутката“
од Србо Ивановски
(2005)
Седна спроти мене, го отвори Вечер и го повлече показалецот под еден од насловите на дното на страницата.
„Летот на Загорка Пеперутката“
од Србо Ивановски
(2005)
„Заговор“ се насмејав јас “каков заговор?
„Летот на Загорка Пеперутката“
од Србо Ивановски
(2005)
Луѓето се многу љубопитни - ме советуваше и си ги триеше градите со мократа крпа.
„Летот на Загорка Пеперутката“
од Србо Ивановски
(2005)
Спорот се состоеше во тоа, дека ние петмината соработници тврдевме дека задачата не ни била воопшто пренесена бидејќи се загубила негде во плиткото сеќавање на одговорниот уредник, а тој ја критикуваше нашата неодговорност, дека како поединци смислено го уриваме неговиот авторитет и правиме такви прекршоци што ја компромитираат неговата способност и одговорност на раководител.
„Летот на Загорка Пеперутката“
од Србо Ивановски
(2005)
Дали можеби таа, во својот, за мене долг и непознат живот, доживеа неубаво искуство со маж, кој поради друга жена ја оставил без збор?
„Човекот со четири часовници“
од Александар Прокопиев
(2003)
Седната на една импровизирана клупа на плажата, широка штица прикована за два трупца, Надица ме потсети дека токму во нејзината париска гарсониера го слушнав гласот на Киш.
„Човекот со четири часовници“
од Александар Прокопиев
(2003)
Мина деценија и пол, така некако, иако ми се чини дека не минало повеќе од, како што велат поетите, еден допир на пеперугини крилја, ме потсети на париските денови.
„Човекот со четири часовници“
од Александар Прокопиев
(2003)
Дали таа се чувствува слично?
„Човекот со четири часовници“
од Александар Прокопиев
(2003)
Тоа ме потсети на некои сопствени напади, блуења на смеа.
„Пловидба кон југ“
од Александар Прокопиев
(1987)
Ако се откажам од нас, ќе се откажам и од себе...
„Жонглирање со животот во слободен пад“
од Сара Трајковска
(2012)
Оваа задоцнета пролет ме потсети на тој почеток, фабулозна увертира, а сега веќе исконска слика која ги впива во себе сите моменти на среќа...
„Жонглирање со животот во слободен пад“
од Сара Трајковска
(2012)
Овој звук ме потсети на мојата мака, а и се засрамив што таа дури може и да се слушне.
„Чкртки“
од Румена Бужаровска
(2007)
Овојпат уште потешко ми беше да се справам со подуениот стомак, па оставив едно копче откопчано, пуштив вода, заборавив да ги измијам рацете и ја отворив вратата каде што ја затекнав мојата тетка.
„Чкртки“
од Румена Бужаровска
(2007)
Добро што ме потсети. Ајде да ја премериме терасата.
„Јас - момчето молња“
од Јагода Михајловска Георгиева
(1989)
Поради нешто, парчето дрво ме потсети на коска и мене ми текна што да правам.
„Крстот камбаната знамето“
од Мето Јовановски
(1990)
А да го кажам и тоа дека другарот Едо, бившиот наш директор, на излегување од канцеларијата на правникот, се подврати и ме потсети дека таа пушката на чуварот треба да му ја вратам...
„Продавница за љубопитните“
од Мето Јовановски
(2003)
Сето тоа ме потсети на пријателот. Како и секогаш сегашните ситуации ме потсетуваат на нешто од минатото, луѓе или приказни.
„Знаеш ли да љубиш“
од Ивана Иванова Канго
(2013)
- Но, ти обожаваш да спиеш до пладне и одвај се извлекуваш од кревет – ме потсети татко ми.
„Игбал, мојата тајна“
од Јагода Михајловска Георгиева
(2000)
- Да не сум вредна, да не не работам низ куќа, да не не ѝ помагам на мама, ајде кажи – се налутив.
„Игбал, мојата тајна“
од Јагода Михајловска Георгиева
(2000)