Добив впечаток дека не ме разбра.
„Бунар“
од Димитар Башевски
(2001)
Како шо ти реку. За пљачката — пљачка; за крвта — крв. Ме разбра ли? — А бре, те разбра! И те разбра и не.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
- Прекрасно ми е! Не можеш да ме разбереш! Леле! Леле!
„Бојан“
од Глигор Поповски
(1973)
"Уште тој срам ми требаше, некој да ме разбере што мака ме мачи мене", си рече таа во себе.
„Човекот во сина облека“
од Мето Јовановски
(2011)
Познато беше тоа уште од времето на нацизмот; фолклорот во тој случај се претвори во политички обред на фетишизација на тестисите на Големиот Предок, чија една можна инкарнација станува Големиот Диктатор; мислам дека и немаше да ме разбере, оти Луција не беше интелектуално неограничена, иако беше многу работлива и чувствителна.
„Папокот на светот“
од Венко Андоновски
(2000)
Не сакав, барем сега, да ме разберат дека и јас сум еден од палачите.
„Маслинови гранчиња“
од Глигор Поповски
(1999)
Ако го одведев дома, ќе ме разбереа па и јас ќе настрадав.
„Маслинови гранчиња“
од Глигор Поповски
(1999)
Црнците ме разбраа и заиграа од радост.
„Сенката на Карамба Барамба“
од Славко Јаневски
(1967)
Роско замавта со опашот божем ме разбра, а јас пак му реков: - А ако не го спобркаш зајакот, ти си обично куче.
„Сенката на Карамба Барамба“
од Славко Јаневски
(1967)
Го побарав скршениот молив од државната каса.
„Сенката на Карамба Барамба“
од Славко Јаневски
(1967)
Професорот не можеше да ме разбере но и не се трудеше да го дочека мојот одговор.
„Улица“
од Славко Јаневски
(1951)
-Не ме разбра! Прашав, зошто твоето тело не се огледува во водата? – го повтори прашањето Еразмо.
„Мудрецот“
од Радојка Трајанова
(2008)
Тате, татенце, ти си ме разбрал, нели ти мојот добар татко.
„Друга мајка“
од Драгица Најческа
(1979)
Каков е тој „ксмет“ и како не можеше да ме разбере таа наша тетка, што донекаде не исчувала, не сфаќав.
„Друга мајка“
од Драгица Најческа
(1979)
Таа, сепак, најдобро ќе ме разбере.
„Друга мајка“
од Драгица Најческа
(1979)
Ми дојде да ја прегрнам, да се исплачам на неа, чувствував дека таа ќе ме разбере.
„Друга мајка“
од Драгица Најческа
(1979)
Не ме разбравте. Не бараше тој овца да заколам туку јас самиот тоа го мислев кога видов дека е ковче и кожа.“
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
„Од јазикот негов капеше крв. Ни на господа не можеше да му се помоли.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Немој погрешно да ме разбереш, посакувам за навек да останеш тука како моја родена ќерка.
„Последната алка“
од Стојан Арсиќ
(2013)
А јас, како број 1, свртена на истиот правец во спротивна насока, пишувам со кратенки, за да не ме разберат другите.
„И ѓаволот чита пРада“
од Рада Петрушева
(2013)
По врелиот, замрежен поглед знаев дека скитникот не ме разбра.
„Кловнови и луѓе“
од Славко Јаневски
(1956)
А да му речам: оти крвта си ја пиеш, оти џигерите и умот си ги пиеш, не знам како ќе ме разбере.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
А може да му кажав добро, може не ме разбра убаво.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
Нешто како накриво да ме разбра. И после си дадовме збор.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
Сигурно ќе ме разбере. И да не сака ќе ме разбере.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
Јас му реков молчи и тој ме разбра. Ко пријател.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
Дали ме разбра или не ме разбра, тој пак си мрмори.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
„И вие пак не е ме разберете.
„Забранета одаја“
од Славко Јаневски
(1988)
Дали воопшто некој има толку голема душа за да ме разбере?
„Читај ми ги мислите“
од Ивана Иванова Канго
(2012)
Да ја кажам некому, дали ќе ме разбере?
„Читај ми ги мислите“
од Ивана Иванова Канго
(2012)
Над малите и троа поголеми куќи на Шумшул- град се раздени.
„Пупи Паф во Шумшул град“
од Славко Јаневски
(1996)
Неколку утови, секогаш невидливи, ме разбраа и со крик ми одговорија од покривите на Шумшул – град.
„Пупи Паф во Шумшул град“
од Славко Јаневски
(1996)
Дали ми поверуваа или не ме разбраа не знам. Самите завеслаа.
„Пупи Паф во Шумшул град“
од Славко Јаневски
(1996)
Измамените измамници не престануваа да колнат.
„Пупи Паф во Шумшул град“
од Славко Јаневски
(1996)
Многу добро ме разбра, мој Камилски. Но да ги оставиме јазиците и јаничарството за друга дебата.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
Ќе ме разберете дека морам да почнам со тоа што ќе ви поставам неколку прашања.
„1984“
од Џорџ Орвел
(1998)
Сепак никогаш не успеав да ја започнам плетката со конецот на разумот и со конецот на страста и тоа сега го чувствувам како свој пораз што потајно тлеел еднаш под допирот на зборот, другпат под допирот на телото, на кои секогаш реагирав различно.
„Полицајка в кревет“
од Веле Смилевски
(2012)
И во таквите мигови, кога ослободена од железните рамки на предрасудите ќе се почувствував поинаква, а сепак длабоко во себе своја, со најсвое јас, се спознавав: бев Ема единствена и неделива, туѓа и одвратна за оние што не можеа да ме разберат.
„Полицајка в кревет“
од Веле Смилевски
(2012)
И јас се грижам, реков сериозно, божем е толку просто да ме разбере.
„Братот“
од Димитар Башевски
(2007)
Немој погрешно да ме разбереш! Јас тоа, за детето... не настојувам веднаш... да...
„Омраза - длабоко“
од Драгица Најческа
(1998)
Седнува во лотос положба: - Немојте погрешно да ме разберете.
„Или“
од Александар Прокопиев
(1987)
А потоа, (се трудам да ѝ дообјаснам бидејќи за мене е многу битно Бојка да ме разбере), и лекарите упорно настојуваат да се прикажат сочувствителни и наклонети подржувачи на животот.
„Желките од рајската градина“
од Србо Ивановски
(2010)
Ако ме разбравте што ви реков, сакам да одите кај него и да се смирите со него оти не да сте повиновни, туку зашто сте посилни – треба да бидете подобри.
„Луман арамијата“
од Мето Јовановски
(1954)
Којзнае дали ќе ме разберете и којзнае како ќе ме разберете ако ви кажам дека секое отворање на цртанката е танц на распалавени погледи и свечен отпоздрав на сончевата светлина, како што впрочем и секое влегување во океанот е нов чекор во вечноста чиишто сенки старите рибари се мачат да ги уловат во мрежите.
„Кревалка“
од Ристо Лазаров
(2011)
Стоп, стоп! – подвика Дедо Мраз кога предните нозе на елените, понесени од залетот, се качија дури по главата на човекот па додаде – Не, не, до колку мислите да ме ожените, Ви се колнам, нема да се согласам оти мојот збор не паѓа во вода, ме разбравте ли?
„Авантурите на Дедо Мраз“
од Ристо Давчевски
(1997)
Или лошо сум се молела, или лошо ме разбрал.
„Одбрани драми“
од Горан Стефановски
(2008)
Ни добро утро, ни лека ноќ. А бе Марк, како ми помина првиов ден од слободава, да можам да ти кажам, да можеш да ме раабереш.
„Одбрани драми“
од Горан Стефановски
(2008)
- Пролетаријат... – таа ја цедеше секоја буква - најпрвин да завршам за тоа шо почнав, а потоа јаска убао ќе ви растолкувам шо е тоа пролетаријат иако знам дека ти шо ме опита, знам дека нема да ме разбериш... - таа прекина за миг и се врати на прекинатата мисла.
„Големата удолница“
од Петре Наковски
(2014)
Кога другарот командант ќе рече „Строј се“, тогаш вие ќе застанете во ред една покрај друга. Ме разбравте?
„Големата удолница“
од Петре Наковски
(2014)
Да можеа добро да ме слушнат и да ме разберат провокаторите на блиската маса, сигурно ќе беше поинаку.
„Атеистички музеј“
од Луан Старова
(1997)
Можеби таа и од лиот е нападена. Ме разбра? - Добро,- рече Јоле, не свртувајќи се кон нас.
„Крстот камбаната знамето“
од Мето Јовановски
(1990)
Не знам како ќе ме разбере.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
Не знам дали Билјана добро ме разбра.
„Билјана“
од Глигор Поповски
(1972)
Решив сѐ да ѝ раскажам на мајка ми. Таа може да ме разбере.
„Игбал, мојата тајна“
од Јагода Михајловска Георгиева
(2000)
Доверба ми влеваа нејзините, понекогаш чудни однесувања.
„Игбал, мојата тајна“
од Јагода Михајловска Георгиева
(2000)