Ќе ода долу Тиквешиата, ќе се потпра прво до поп Илија во Бешишча, а он ќе ме ставе со Ѓурлукот, Шаќира и други мои стари другари и дејци од комитлакот, белки не ме имаат заборавено за виа дветри години“, — донесе итриот Ѓуро решение, и така направи.
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
Пишувам кон тебе за да сфатиш, Иако за наивна будала ме процени, ти мене на пазар ме стави, ти мене ме процени за пари и мене само така ме цениш.
„Илузија за сон“
од Оливера Доцевска
(2013)
Ме ставија на шанкот да мијам чаши, затоа што како шанкерка немав искуство.
„Знаеш ли да љубиш“
од Ивана Иванова Канго
(2013)
- Да се пресегнеш ти некако, - му вели главата на телото, - да ме земеш со рацете и да ме ставиш на твоите рамена.
„Балканска книга на умрените“
од Мето Јовановски
(1992)
Потоа ме стави пак во креветот, нежно ме покри, ме погали по косата и откако ја угасна светлоста си отиде во собата.
„Друга мајка“
од Драгица Најческа
(1979)
Реков за што станува збор, дека не е голем проблем, дека за час може да се реши, но тие едноставно ме собраа, рекоа дека таму ќе објаснам, ме одведоа во квартниот оддел на полицијата, ме ставија во едно тесна просторија зад решетки и ме заборавија.
„Бунар“
од Димитар Башевски
(2001)
Сетив како ме влече нечија силна рака, ме стави на даската за сурфање.
„Читај ми ги мислите“
од Ивана Иванова Канго
(2012)
Овие сега што ја држат општината во Ливаѓе мене сакаа да ме стават да бидам изгласан за делегат ама не беа сигурни и затоа јас не сакав да се резиља да изгубам од Најда Шетленка што го токмеа ливаѓани кои не беа на власт и кои после мене многу ми се осветија ама ми дојде мене Шабан од Невенино и ми рече да кандисам.
„Продавница за љубопитните“
од Мето Јовановски
(2003)
И не радувај се, ваша милост, што си ме ставил в дупка.
„Забранета одаја“
од Славко Јаневски
(1988)
Кај го натера врагот да дојде, ќе ме стави во некој грев...
„Парите се отепувачка“
од Ристо Крле
(1938)
АНЃЕЛЕ: Не џанам... Ами мајка ми кога ме роди прво на вакво столе ме стави да ме завие, да не ме става на земја.
„Парите се отепувачка“
од Ристо Крле
(1938)
Ме ставија во Црвениот крст на Македонија.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
А реков, нели, кога почнале да ја градат црквата веќе сум шетала негде и тоа по фустанче! Иди па верувај им на приказните!
„Синот“
од Србо Ивановски
(2006)
А да не зборувам за тоа дека требало и врата да се искова за да можат да ме стават пред црквата рано в недела и тоа по пелени.
„Синот“
од Србо Ивановски
(2006)
Ме нашле далеку како спијам во снегот и повторно ме ставил на коњот. Така стигнавме во селото Сопот.
„Три жени во три слики“
од Ленче Милошевска
(2000)
Рипнав и гледав нешто необично. Баба ми ме ставила во гостинската соба на една рогозина, половина ја размотала а со другата како ролна ме покрила.
„Три жени во три слики“
од Ленче Милошевска
(2000)
Тој јавал на коњот, сестра ми одзади на газот, а мене ме ставиле на магаре, од едната страна, а од другата страна торба со камења, за рамнотежа.
„Три жени во три слики“
од Ленче Милошевска
(2000)
Мене ме стави напред, колку да можам да одам и да пеам, одев и кривев, а другите четири класа одеа по мене.
„Три жени во три слики“
од Ленче Милошевска
(2000)
Чиновникот го следеше на високи тонови.
„МАРГИНА бр. 29-31“
(1996)
„Мило момче, мило мое радосно момче, како ли те сакам!“, восхитено извика Авдотја Игнатјевна, „Камо покрај таков да ме ставеа!“
„МАРГИНА бр. 29-31“
(1996)