ме (зам.) - во (предл.)

- Нема потреба - Кикицас замавна со рака. - Води ме во командата.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Ме резилиш пред луѓево. На ништо не личиш. Како вдовица. КРТОВИЦА: Што им фали на вдовиците?
„Последниот балкански вампир“ од Дејан Дуковски (1989)
Опиши ме во најубаво светло!
„Последниот балкански вампир“ од Дејан Дуковски (1989)
Тој ми ја запре раката, некаде кај градниот кош и рече, гледајќи ме во очи: - Ти не сакаш да разбереш, ти само чувствуваш.
„Слово за змијата“ од Александар Прокопиев (1992)
Гледајќи ме в очи, со необична мекост во движењето ја повлече раката напред при што со средниот прст ми направи неколку витли во волната под јајцата, а потоа ја побара набрекнатата жила, меко допирајќи ја со јаболчницата од врвот на прстот, следејќи го така нејзиниот пулсирачки такт нагоре сè до широко отворената глава и устинката од која потекуваше бистра лигава течност.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
Таа знаеше дека тој мирис ме опијанува (често велеше, ми шепотеше: „нема ливада, нема градина, нема планина што ќе те замае како, како, како…“ и со таква увереност со прстите од двете раце се шеташе низ мојата коса, ми ја расчепкуваше и ми ја мазнеше, а потоа ги спушташе дланките под раскопчаната кошула, фаќајќи ме за раменици и притискајќи ме во себе.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
Светлината се лизгаше од левата на десната страна и пак се враќаше назад во согласност со ритамот на звукот што го произведуваше некаков спој на неонката над мене и ја распаруваше тишината удирајќи ме во темето со тежина на олово.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
Еве ме во салата на некој парламент. Бугарскиот или грчкиот. Можеби српскиот. Не е лошо да е американскиот. Или Обединетите нации.
„Балканска книга на умрените“ од Мето Јовановски (1992)
Еве зелената боја се повеќе кипне и ме напушта веројатно оставајќи ме во онаа ни црна ни бела светлина, во онаа студена сива челичност што не може да се избегне.
„Балканска книга на умрените“ од Мето Јовановски (1992)
Не знаев дали повеќе го слушам ѕвонот или ги чуствувам миловните трпки што почнаа до сржта на коските да ми зрачат по целото тело претварајќи ме во радост и одушевување.
„Крстот камбаната знамето“ од Мето Јовановски (1990)
Глеј ме во зениците.
„Курвите на ѓаволот“ од Елена Велјановска (2013)
Сакај ме и мрази ме во исто време.
„Курвите на ѓаволот“ од Елена Велјановска (2013)
Молчам.
„Курвите на ѓаволот“ од Елена Велјановска (2013)
Во деновивите кога Милја и Нино не можеа да доаѓаат бевме како врзани без нив, моравме да се снаоѓаме сами, среде ноќ ќе ме молеше: "Носи ме во болница, тешко ми е".
„Седум години“ од Зорица Ѓеорѓиевска (2012)
Една вечер, некаде околу 22 часот, ни рече на мене и на Матеј: "Носете ме во болница, не можам да дишам".
„Седум години“ од Зорица Ѓеорѓиевска (2012)
Те молам: пушти ме во одајата на прокобата и јас ќе видам: ќе прочитам, ќе го растолкувам напишаното и мирот во тебе ќе се всели, и во твоето царство.“
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
- Прими го богатството мое и споменувај ме во своите молитви, - театрално, со остра нотка на иронија, рече Глигор и ги истури џебовите во плашливо подадените раце.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Дај ми ја твојата рака, Никола, залипа. Прегрни ме, сокри ме во себе.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
Еве најди ме во мракот и допри ме со прсти, уверував.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
- Анимирај ја малку – ми дофрли мајка ми, погледнувајќи ме во ретровизорот.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Сакав да прашам што точно значи тој збор, ама се премислив, оти и онака му го сфатив значењето – Дена овој викенд очигледно ќе биде во моја надлежност и самата ќе треба да се снаоѓам.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Никифор Абазовски, земајќи ме во заштита, почна да си мрмори: — Аман од тоа братство и единство, вели, кога никој не те сака за брат!
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
ЉУБА: Аљоша, погледни ме в очи.
„МАРГИНА бр. 17-18“ (1995)
И за мене неочекувано, ропски покорен пред својата ајдучка страст, тој го замрси денот в јазли оставајќи ме в стапица полусакат и во неизвесност.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Стави ме во цвеќиња, пак ќе фатам кир под ноктите.
„Одбрани драми“ од Горан Стефановски (2008)
„Ти реков, тргај ми се од очи“, со изменет глас ме помоли и јас знаев дека е пак оној вчерашниот Онисифор Мечкојад што не простува.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
„Бегај, малечок предавнику, не бутај ме во грев.“ Се свртев и појдов со морници под тилот.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Им велам: оставете ме во некој бункер.
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
Се завиткував со ќебето и, куц-куц, ете ме во некоја соба.
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
Штом огрее ден ќе ме втаса крај мирната река: „Поведи ме во Boulogne i Vincennes, столетија јас тебе те чекам."
„Слеј се со тишината“ од Ацо Шопов (1955)
Земи ме в раце.
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
Стариот исечоците од весниците ми ги стави на дланката и, гледајќи ме в очи, праша: - Тежат?
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Спушти ме страсно, крени ме в рака милувај нежно, не вели збогум, остани овде, сотри ме нежно, ах, во тој оган вечно нека горам.
„Портокалова“ од Оливера Доцевска (2013)
“Зариј ја својата демонска насмевка во мозокот и потопи ме во кокаин, љубов и коњак.”
„МАРГИНА бр. 10“ (1997)
Сонцето е најсилно. Претвори ме во сонце“.
„Мудрецот“ од Радојка Трајанова (2008)
Не пукнала уште како што треба пролетта, а јас шетам бос: коњот под мене и ете ме в ливада: сите грмушки и ѕитчиња ги прескокнувам собирајќи полжави.
„Прва љубов“ од Јован Стрезовски (1992)
Спасот на нашата мисија го гледавме и го гледа­ме во хармонизацијата на божјиот и на световниот пат.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Времето се отвора и почнува во мене да зборува Преведувајќи ме во небо, во скробна исповед Во молитва по која во пустината врне.
„Камена“ од Анте Поповски (1972)