„Моето е премолчено Реков, Мојата Певна Проклетија. “ низ мене Низ мене: До болот а низ болот И потаму: До пеколот. чучулигата Не научив Да ги изговарам зборовите Тие од мене капеа Небаре крвта Од срцето На Чучулигата. најлудата песна Кој ја спотна Најлудата песна Во најлудата глава Темна Како Ноемвриска Ноќ? благослов на јадењето Јасен е плачот Песната на внатрешната убавина, Празникот кога сечам леб, Или Кога го благословувам Јадењето: Сопствената Душа. гозба Ме јаде вдахновението Внатрешниот оган, Светлината, Совршенството И Смртта.
„Вечната бесконечната“
од Михаил Ренџов
(1996)
Се сеќавав на тие мигови кога во судницата, на масата со излижана маслинеста боја, се шеташе бледа неонска светлина, заминувајќи на десно, паѓајќи на подот, по паркетот, и пак враќајќи се од левата страна на масата, повлекувајќи ме и мене низ нејасни сеќавања за неизвесноста на кружното движење што од игра со сласт и страст се претвори во вител на силна и матна вода во која се губи свеста и престанува постоењето кое толку многу го сакав.
„Полицајка в кревет“
од Веле Смилевски
(2012)
Можете спокојно да легнете да си дремете, а во случај на несоница, можете да ме набљудувате мене низ прозорецот.
„МАРГИНА бр. 17-18“
(1995)
Толку се труди кутриот, што јас всушност можам и да го прочитам неговото тврдење иако сѐ уште не е изречено.
„Синот“
од Србо Ивановски
(2006)
Не е изречено но може да се види испишано на неговото лице а згора на тоа и на секој предмет во просторијава.
„Синот“
од Србо Ивановски
(2006)
Со мене низ просторијата шетаат и зборовите на неуморниот иследник.
„Синот“
од Србо Ивановски
(2006)
Арафат и Палестина, како и Тунис и арапските и неврзаните земји, кои продолжија да живеат во мене низ неколку незаборавни пријателства, на кои времето не им може ништо, беа дел на едно минато чии вредности не можеа да влезат во никакви дипломатски вредности, адути, во прилог кон другите.
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)
Но за да се раскаже таа сторија требаше да се вратам неколку години наназад, во летото на 1978 година кога за првпат се сретнав со соборецот на Јасер Арафат, големиот палестински поет Махмуд Дарвиш, заедно со неколку палестински поети, во Струга, на бреговите на Охридското Езеро, кое го сметав и за своја конечна татковина...
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)
Слушам и гледам - сте ги прифатиле трите романи за Милосија - всушност, тоа сум јас, значи, сте ме прифатиле мене низ растењето и созревањето на девојчето, низ животните патила.
„Тополите на крајот од дедовата ливада“
од Бистрица Миркуловска
(2001)