мене (зам.) - поголем (прид.)

Ќе бидам многу задоволен ако добијам некакви новости за тоа што мислиш ти за мајка ни и за сестра ни и дали тие се добри; речи им да го прифатат ова што се случува со мене како нешто поради што не треба да бидат премногу тажни, зашто јас сум релативно несреќен, но ете, можеби и покрај тоа, имам пред себе уште многу скоро обични години.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Мислеше: вака ем работата на Лумана свршена, јас пред луѓето добар и богатството мене поголемо.
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
Во едно писмо од 21 април 1889, Винсент ван Гог, сосема свесен за својата состојба, му пишува на својот брат Тео: “Денес ги сметав сите твои добрини кон мене поголеми од кога и да било, не можам да го искажам она што чувствувам, но те уверувам дека таа добрина беше од вистински ков и ако ти не ги гледаш нејзините резултати, мил брате, не тагувај поради тоа, твојата добрина ќе ти остане…
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)