мене (зам.) - токму (прил.)

Имаше тука и некои други размисли од нејзина страна но мене токму овој краешник од нив ми се стори сместен на панагонот на нејзините магарешки забелешки.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Но, мене токму тоа ме плаши оти креативниот сон, толку потребен на театарските дејци, може лесно да стане идентичен на оној на книжевниците, то ест на оние, кои само покриени со туѓи пердуви, можат да засонат.
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)
А мене токму тоа ми се случи! Дојдоа туѓинци, ги заменија дотогашните поробувачи, себеси се прогласија за ослободители, а јас, најпосле уморен од потрага по слободата ја прифатив нивната лага како своја вистина.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)