Потен Циганин, со голи, мускулести гради, ми мафта со сабјата пред очи: - Прашај го, ќе ти кажи, за ситен динар нема да ти лажи!
„Слово за змијата“
од Александар Прокопиев
(1992)
Ќе ме препознаеш во гужвата и весело ќе ми мавташ со левата рака, држејќи некој друг со десната... а во твојата насмевка јасно ќе се чита прашањето: „Од каде ли ја познавам... и како ли се викаше?“
„И ѓаволот чита пРада“
од Рада Петрушева
(2013)
Бев сигурна дека и Ивана ми мавта од малото авионско прозорче, иако не може да ме види од таа височина.
„Игбал, мојата тајна“
од Јагода Михајловска Георгиева
(2000)
- Немој да ми мавташ со раката, мислиш ме плашиш! – му спискав јас. – Мислиш, ако си поголем и посилен од мене, треба пиперевка да ти играм, а?
„Игбал, мојата тајна“
од Јагода Михајловска Георгиева
(2000)
Тој којзнае каде, а јас неговите раце ги гледам да ми мавтаат.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
Ми мавтаат со раце оттаму, на цел глас ми викаат: — Ајде уште малку, ајде уште малку!
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
Си направиле ѕвечалчиња и ми мавтаат ко со ордени. Ме поздравуваат.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
Возот веќе тргнува, а жените поидуваат по него и ми мавтаат со рацете... ,Прашчај...
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
А оттаму, од излогот, ми мавташе со раката една воздушеста убавица, чиј што нежен превез многу придонесуваше да се причинува дека не личи на живо суштество.
„Желките од рајската градина“
од Србо Ивановски
(2010)
Ми мавта жената и вика: - Станувај, Јоне, оттука, вели, и ми стои така пред пушка, пред цевка.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
Стои така до трнот и ми мавта со рацете.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)