Оти ми плачиш? — почна да го теши и мајка му и да го гали по русата бујна коса, плачејќи заедно со него.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
Сестра ми плачеше, занемена како полудена. Умирав од смеа.
„Читај ми ги мислите“
од Ивана Иванова Канго
(2012)
Го гледам стариов мој Пајко, и срцево ми плаче.
„Вежби за Ибн Пајко“
од Оливера Николова
(2007)
АРСО: Па, кога ќе те заболи нешто... И ти преѓе ќе се расплачеше за кумството.
„Чорбаџи Теодос“
од Васил Иљоски
(1937)
Ми плачат децата. Лозјето е за нив радост: грозје, грозјебрање, благо вино...
„Чорбаџи Теодос“
од Васил Иљоски
(1937)
Небаре тука да преседело ноќта, небаре тука да ми плачело.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
Кај ми плаче Иван, си велам, од кај ми иде гласот на детето, се прашувам, и одам со сликата в раце.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
Си плачам над него, цело тело ми плаче од радост.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
Ќе се зацрвенеше и не можеше да престане.
„Ласа“
од Наташа Димитриевска Кривошеев
(2011)
Мајка ми плачеше со месеци на терасата на која баба ми го плетеше највкусниот кукурек на сите времиња.
„Ласа“
од Наташа Димитриевска Кривошеев
(2011)
Но далечното ѕвоно ја отчукуваше возбудата на моето срце што раснеше со трепетливоста на тагата и радоста, најпрвин на тагата за сите мртви на патот што пролетта ќе ја почувствуваат по движењето на лесковите или габеровите корења, потоа на радоста што сум жив и што можам со прсти да го допирам своето врело лице, што оздравувам од невестинска песна, придружничка на птици и клокотава смеа на селски дечишта: Кога, дете ќе ми плаче ќе ми плаче за цицање полегни го под стреине ќе заросам ситна роса ќе надојам машко дете ...
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Господи, со очај се мачев да разберам. Можеби само ги мислам своите прашања и можеби сум веќе безгласен и глув, мртов или пред умирање, нападнат од момчешки соништа!
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Мајка ми плачеше и ме прегрнуваше, а татко ми ми рече дека сум едно храбро момче какво што тој досега никогаш не видел и дека забите што Египќанчето ми ги покажуваше, ловците на крокодили ги извадиле од моето рамо.
„Јас - момчето молња“
од Јагода Михајловска Георгиева
(1989)
Јас стојам така, одвај ја крепам, ја закрепувам, а таа ми плаче на рамена. Истура солзи.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
Горе децата ми плачат, долу кравата ми рика.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
А Капинка и Ѕвездан ми плачат за јадење. Јас ги тепам и ги бркам од собата на Здравка.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)