Се прегрнаа, потоа силен стисок на рацете, војнички поздрав.
„Постела на чемерните“
од Петре Наковски
(1985)
Тој ден игравме шах; отидовме во самопослуга да ми купи сладолед; ни пресече студена лубеница по ручекот; ни скина грозје од лозницата над терасата; ми вети дека ќе ми ја залепи гумата од велосипедот; го капевме кучето Синга во пластично легенче, а тетка Јорданка (жената со која живее, а за која јас често го прашувам дали може да се рече дека му е девојка) го триеше со шампон; ми предложи да одам заедно со нив десет дена во Охрид пред да ми почне наставата во училиштето; се радуваше кога му раскажав дека во Тиват ме избрале за втор придружник на Мистер на летувалиштето; ми честиташе што сум бил победник во натпреварот по пливање...
„Јас - момчето молња“
од Јагода Михајловска Георгиева
(1989)
Татко ми предложи да ја купиме средната, затоа што е поефтина, и затоа што за неа имал пари; но јас, гневен и бесен, побарав тоа да биде најмалата и уште го убедував дека таа е најубава.
„Папокот на светот“
од Венко Андоновски
(2000)
Ми предложија и натаму да останам во колоната, ама јас побарав да одам на линијата.
„Постела на чемерните“
од Петре Наковски
(1985)
Потоа решително ми предложи: - Слушај, не оди на училиште.
„Улица“
од Славко Јаневски
(1951)
Ме распрашаа кој сум, што сум, од каде сум, дознаа сѐ за мене, се сожалија и ми предложија да работам како гробар. Прифатив.
„Јанsа“
од Јован Стрезовски
(1986)
И тогаш беше кога ми предложија, по изградбата на водоводот, да бидам кандидат за пратеник.
„Бунар“
од Димитар Башевски
(2001)