ми (зам.) - прилега (гл.)

Тој ми прилегаше на сфинга во патувањето на албанскиот дел на балканскиот лавиринт.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Тие ми прилегаат на дервишите кои ги гледав како дете од отворениот прозорец на една визба во Скопје во првите години по војната.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Сум влегла среде раскош што не ми прилега.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Јас сум си учена на селската; не ми прилега таа што ми ја даваш.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Признавам дека имам уште многу да учам – го прекина Еразмо старецот. – Мене, сето ова ми прилега само на куп зборови, кои можеби ќе успеат да поттикнат некого да направи обид или мал чекор кон просветлувањето.
„Мудрецот“ од Радојка Трајанова (2008)
Ете, овој град ми прилега премногу познат.”
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)
„Мене ми прилегаат на обични правоаголни прозорци.“
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)
Докторот се исклешти и го потчукна по раката: „Мене, синко, раката ми прилега сосема нормална. Си имал единствено треска.“
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)