„Куќава“, вели, погледнувајќи наоколу, „ми припаѓа мене. Со тестаментот на татка, јас сум стопан.
„Бунар“
од Димитар Башевски
(2001)
Нејзината смрт ми припаѓаше мене.
„Ерато“
од Катица Ќулавкова
(2008)
„Затоа што гледам нешта кои не ми припаѓаат“, реков.
„Папокот на светот“
од Венко Андоновски
(2000)
Тој како заедничка утеха му ја цитираше во оригинал мислата на францускиот писател Антоан де Сент Егзипери: Је prends possession du monde par les mots. (Со зборовите ми припаѓа светот.)
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
„Раката, таа веќе не ми припаѓа мене. Утринава се престори во нешто друго. Докторе, сакам да ми ја повратите!“
„Лек против меланхолија“
од Реј Бредбери
(1994)
Татко дополнуваше дека светот бездруго ќе биде поубав за живеење доколку умееме да се справиме со сите зборови на еден јазик и ако ја откриеме нивната обединувачка енергија за нас самите, за сите луѓе.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
Како што разговорот што го слушнав и светлината што ја гледав она попладне кога се откри неверството на Луција во џипот, во тоа сум убеден, не беа исечоци од мојот живот, туку од некој друг; тие, тоа попладне не ми припаѓаа мене, по истиот начин како што не ми припаѓаше ни телото на Луција онаа ноќ.
„Папокот на светот“
од Венко Андоновски
(2000)