Кројачите одбиваа да ми сошијат војничка блуза без еполети и закопчана до грло, од школските, географски карти го избришаа моето родно место, ја довлекоа мајка ми во некој Реонски комитет и ја натераа јавно на митинг да се откаже од мене.
„Забранета одаја“
од Славко Јаневски
(1988)
И навистина загина на Плетвар. Тој беше втор што загина од нашето село. Така заврши со чизмите.
„Три жени во три слики“
од Ленче Милошевска
(2000)
А од ќебето што ми го дадоа во партизани, Мане Шнајдерот ми соши пантолани, пумпарици, зашто првите ми се искинаа.
„Три жени во три слики“
од Ленче Милошевска
(2000)
Дури и да ми сошијат под кожата постава од оловни прачки нема да успеат да ме задржат во ова време…
„Летот на Загорка Пеперутката“
од Србо Ивановски
(2005)
А што се однесува до оној твој злосторник што те следи од најраната младост – ја промени наеднаш темата Пеперутката – не смееш да одложуваш.
„Летот на Загорка Пеперутката“
од Србо Ивановски
(2005)
ЛЕНКА: Ако си намислил да се жениш, ајде… Приготви за мене чевли и работата е свршена. Вета веќе ми сошила кошула.
„Духот на слободата“
од Војдан Чернодрински
(1909)