Шо имам по некоја партал од виа ѓупцките, ќе си и собера, имам едно сандаченце, и утре кога ќе ми сторите абер, тогај су готова.
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
А знајш оти ми стори ишарет да ти кажа?
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
Заборавила што сум ѝ сторил и што таа сакала да ми стори. Умеам и да ѝ се измолзам меѓу прстите.
„Захариј и други раскази“
од Михаил Ренџов
(2004)
Во таа уметност, на стари ноти, во познати тоналитети, наместо за прекуморско писмо од љубената, се пее за мобилен телефон; наместо за параходот што заминува, се пее за семафорот што го разделил љубовниот пар, оти таа минала на зелено, а тој морал да сопре на црвено; се пишуваат дебилни романи во кои една иста жена, Македонка, трипати ја силуваат, за петнаесет минути, еден по друг, српски, грчки и бугарски капетан, па со тоа се изразува трагизмот на македонската жена и на македонската нација поделена меѓу три аждери што сакаат да ја лапнат (притоа, овој раскошен дебил од писател не ни помислил дека на жената можеби ѝ е убаво со тројца, особено што сите тројца едвај издржале петнаесет минути, што за здрав маж е одвај десетина од сексуалната игра (овде намерно го натценував траењето на сексуалната игра, за да ја пленам Луција; очигледно, уште ми значеше, и покрај сѐ што ми стори).
„Папокот на светот“
од Венко Андоновски
(2000)
Го мразев целиот свет: сите; и Луција и Земанек, и Фисот, и Партијата; сега конечно се прекина папочната врска меѓу мене и Луција; дури ги мразев и оние што ништо не ми сториле, што беа неутрални, како Земанек; ги мразев затоа што беа неутрални, и со тоа го охрабруваа моето страдање.
„Папокот на светот“
од Венко Андоновски
(2000)
Има право. И чорбаџи Теодос ми стори добрина со есап: да ми го земе лозјето.
„Чорбаџи Теодос“
од Васил Иљоски
(1937)
ТРИНАЕСЕТТА ПОЈАВА СПИРО И АРСО
„Чорбаџи Теодос“
од Васил Иљоски
(1937)
Ама тука си е милата учителка - да утеши, да избрише солзи и мрсулаво носе - и така ми стори, и ме убеди дека тоа можело секому да му се случи.
„Тополите на крајот од дедовата ливада“
од Бистрица Миркуловска
(2001)
По малку време му се врати храброста и направи неколку чекори напред, но пркосно, како да им вели: елате да ве видам што можете да ми сторите!
„Луман арамијата“
од Мето Јовановски
(1954)