Ми текнува како реагирав за една манекенка што одеше со човек од другата вера. Ја опцув и ја направив подолу од пепелница.
„Читај ми ги мислите“
од Ивана Иванова Канго
(2012)
Ништо друго не ми текнува зашто тој агентот стои зад мене. Ај стодјаоло, си реков.
„Продавница за љубопитните“
од Мето Јовановски
(2003)
И така отидовме дома кај... кај... (Плуска со прстите). Ете, не ми текнува името.
„Парите се отепувачка“
од Ристо Крле
(1938)
Некој Мусо, ковач, Циганин, да му ги окове и рацете и нозете во железо, и пеш ли, на коњ ли, како било не ми текнува во - Скопје.
„Бојан“
од Глигор Поповски
(1973)
Светлокосиот гласно се насмеа: - А - ха, ми текнува.
„Бегалци“
од Јован Бошковски
(1949)
Сѐ така ми текнува по нешто: зад онаа куќа ме клоцна магаре, се сеќавам и на првиот снег.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
Веќе не ми текнува да го сонам Сталин.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
Многу благодарам, му велам, а не ми текнува да го прашам за каков пат ми зборува.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
Не ми текнува што сакаш да кажеш!... Бога ми...
„Антица“
од Ристо Крле
(1940)
Не знам што да ѝ речам, вели, ништо не ми текнува.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
Знам што треба за нив, ама не можам да им кажам. Не ми текнува најлошото.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
И ми текнува колкупати сум гледал човечки пискотници кога никој никого не го гледа.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)