Ти не дојде кај мене, Никола. Јас дојдов кај тебе. Да ми читаш опело? праша. Не, чу.
„Две Марии“
од Славко Јаневски
(1956)
Ми читаат нечии изјави дека сум ги бранела македонските дезертери...
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
Волт Витман ми читаше порнографски песни во Бруклин.
„Одбрани драми“
од Горан Стефановски
(2008)
Кога имаше време го замолував да ми чита на глас на некој од јазиците кои тој ги знаеше, или да ми го раскажува она што токму тогаш го учеше, а кое ми беше подеднакво неразбирливо како да ми зборува на непознат јазик.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)
Татко се враќаше од продавницата дури откако ќе паднеше мрак, а и тогаш, во тоа малку време кое го поминуваше со нас, како да беше отсутен.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)
Кетлин спрема појадок во кујната, и потпевнува: “There’s a place I know, where the train goes slow..”. Ко да ми чита мисли, мајката.
„Најважната игра“
од Илина Јакимовска
(2013)
- И Силјан Коларов се одликува со железен крст, ми читаат, а јас им велам, благодарам дека не добив дрвен.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
Ми чита така, Неделко Сивески, ама во писмото, Јон повеќе прашува, отколку што кажува.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)