Во секогаш мошне одредени контексти, тоа е еден од можните називи всушност со метонимија да се означи она што се случува или што не успева да се случи, имено некој вид преместување кое непрекинато се повторува - и на дело секаде нешто е, повеќе отколку ништо (не) е; во она што класично се нарекува текстови од класична филозофија, се разбира и пооделно, но исто така и во секој “текст” во една општа смисла што се обидувам да ја одредам со тој збор, имено, во искуството, во општествената, стопанска, технолошка, војна “стварност” итн.
„МАРГИНА бр. 11-12“
(1995)
Еднаш кога заедницата го разбрала, го прифатила, го протолкувала, го сочувала текстот, тогаш нешто во него, нешто сосема друго во него му бега и му се спротивставува, нешто што привикува ново заедништво, кое никогаш не допушта целосно повнатрешнување во помнењето на постоечкото заедништво.
„МАРГИНА бр. 11-12“
(1995)
Почувствува како да му бега земјата од под нозете и тој виси некаде, без да може да застане и да се закрепи за нешто.
„Бојана и прстенот“
од Иван Точко
(1959)
Зарем и самиот не ја присвојувам силната самомаченичка црта на вљубеникот на кого копнежот му бега над исполнувањето?
„Слово за змијата“
од Александар Прокопиев
(1992)
Таа можеше уште да му бега, но кога виде или просто почувствува дека нема никого наоколу, му се даде на Еда така да ја стигне што му се најде во прегратката, стегната со своите штутуку пркнати цициња во неговите како камен тврди гради.
„Продавница за љубопитните“
од Мето Јовановски
(2003)
Таа не му бега, го чека да и се доближи и благодарна му е, само тој можел да ја задржи до овој ден таква, непроменливо: слабичка е но со зрела валчестост по која окото минува како со дланка.
„Забранета одаја“
од Славко Јаневски
(1988)
Само понекогаш кога истрчува по топката што му бега преку оградата.
„Маслинови гранчиња“
од Глигор Поповски
(1999)
Сѐ му се чинеше - ибн Пајко нешто таи, се преправа, му бега некако, му се измолкнува, реди само убави зборови, а друго мисли.
„Вежби за Ибн Пајко“
од Оливера Николова
(2007)
Сигурно е тешко довлекувањето материјал до таму горе, си велев, ама по сѐ изгледа тој се нафаќа и на друга работа долу во Црноеч, знаејќи дека оваа не му бега.
„Братот“
од Димитар Башевски
(2007)
Лекарот си ги мие рацете и се смее, настрана му бега водата.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
Манол Форевски потплукнува семенки на масата, а тие му бегаат подалеку.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
Жена му бегаше од куќи кога доаѓаа офицерот и војниците, а луѓето му велеа: „Ете, што направи Полине, им ја оддаде тајната на непријателските војници...“ „Каква тајна?“ се чудеше тој.
„Свето проклето“
од Јован Стрезовски
(1978)
Мислата му бега далеку - во она послежно враќање од пуста печалба.
„Молика пелистерска“
од Бистрица Миркуловска
(2014)
Прашуваше со смеа, кога одговараше брчките во бранчиња му бегаа од ушите и се вливаа во краевите на устата.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Тоа биле поцрнети и исушени луѓе со опаки очи и без насмевка; некои од нив, со завиткани шамии и крпи околу главите и рацете како воскреснати чкулави Лазари што знаат дека само двапати се живее, се сеќавале на вчерашниот живот и на мракот во тој живот потежок и од умирачката, на тоа химерно џвало на кое ни стробјак ни џуџе не му бега, но светлоста на утрото обилно доаѓала од исток и ги бришела од очите на призраците суровите сеќавања.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Марко Марикин прашуваше и секогаш сам одговараше, најмногу тогаш кога ќе предизвикаше љубопитност кај луѓето со кои се здружуваше и кон кои беше братски милослив.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
1 Само малку, ден неполн, поточно една ноќ по зачекорувањето на Лозан Перуника во староста што дошла по многу видени погубности, по оние умирања што се случиле во куќата на некој селанец со глува и нема ќерка, преостанатите дваесет и деветмина од дружината по изгревот стасале со двоколките во Лесново.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Вниманието ми го освојува мало просјаче (не повеќе од пет години) кое успешно му бега на еден несмасен полицаец правејќи кругови околу штотуку поставената бронзена скулптура на просјак.
„Азбука и залутани записи“
од Иван Шопов
(2010)
Детето не излегува од дворот. Само понекогаш кога истрчува по топката што му бега преку оградата.
„Билјана“
од Глигор Поповски
(1972)
Си беше еден човек и си садеше грав, пиперки и босилек, сееше ’рж и јачмен, ораше, влачеше, едниот вол му бегаше од браздата, и волот го тепаше по муцка, му пушташе крв од муцката на волот, и после муцката му ја држеше в раце и го милуваше.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
Ја креваше главата и пак ослушнуваше како да се нурнува во големи длабочини трагајќи по некој шум што му бега.
„Јанsа“
од Јован Стрезовски
(1986)