Спремни се притоа да му допуштат и на ветрот во намерата да им помогне - објаснуваше Зрновски оближувајќи си ги усните за да го навлажи сè она што имаше намера да го изрече.
„Летот на Загорка Пеперутката“
од Србо Ивановски
(2005)
Вардеше само да може да го погоди оној миг, кога тоа прегладнето копиле ќе се обиде да му се приближи; важно беше да не му допушти да му се приближи така, за да може да го дрпне одзади со онаа своја шилеста муцка, друго ништо не можеше да биде важно таму назад.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)
Секогаш кога помислувам на стрипот (воопшто: на „концептуалната уметност”, вештината на преградувањето, компјутерските игри со многу прозорци во кои се наоѓаат нови многубројни прозорци, лифтови, тавани, визби - целиот тој делумно изветвен психоаналитичарски корпус, што наликува на франкенштајновиот пачворк, или на Голем, тоа купиште екстремитети како еден puzzle од „лаги” што ја создава треперливата, испресечена вистина, еден зоетрап-стрип) ми паѓа на ум (како што, веќе рековме, сенките паѓаат од ѕидовите, толку бавно како капките /оној мраз!/ што го длабат она дно?!) Емпедокловото сфаќање на окото и гледањето: окото го градат (според Платоновиот „Тимеј”) огнот и водата; огнот е раздвоен од водата со мембрани направени од мошне ситни пори кои спречуваат водата да продре внатре, а на огнот му допуштаат да излегува надвор, за да го сретне предметот на гледањето.
„МАРГИНА бр. 22“
(1995)
Затоа Акиноските го имаа како свој, како брат на Петара, и затоа му допуштија, кога се ожени, да соѕида куќа на Имотот, но и за да му помага на Амета во водењето на Имотот.
„Потковица на смртта и надежта“
од Миле Неделкоски
(1986)
Но Ангеле си тераше по свое - ништо не работеше и само шаки правеше.
„Потковица на смртта и надежта“
од Миле Неделкоски
(1986)
Но, таа не се ни помрдна, му допушти да ја оттурне.
„Лек против меланхолија“
од Реј Бредбери
(1994)
Праксата што преовладува и која му допушта на архитектот да инсистира на езотеричен пристап и да не води сметка за корисникот може да биде и штетна.
„МАРГИНА бр. 10“
(1997)