Таа шепоти нешто над главата од Мирчета, му дува во темето, и ја преврзува шамијата под гуша.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
Го лекувале, прашоци во забот му дувале, на грб го легнувале и самите се превртувале.
„Најголемиот континент“
од Славко Јаневски
(1969)
Се наведна и му дува во грленцето.
„Големата удолница“
од Петре Наковски
(2014)
Циљка го зеде меѓy двете дланки, го топли и полецка му дува во отвореното клунче.
„Големата удолница“
од Петре Наковски
(2014)
Кога му се нафрлија луѓето да го тепаат, тој им рече дека тоа што го пече е зајак; луѓето не веруваа и почна да му ја претресуваат куќата; на таванот му ги најдоа сите кожинчиња од мачките што ги исклал и со кои ги имаше облепено дупките на куќата за да не му дува.
„Свето проклето“
од Јован Стрезовски
(1978)
Му дувал на мевот, му клепал, му фрлал ќумур во огнот.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)