Погледот му запира на големиот часовник обесен на ѕидот отспротива; стаклото му е заматено, прекриено со прашина, времето 'рѓосало во него.
„Животраг“
од Јован Стрезовски
(1995)
Му запира срцето и некое облаче од над него му се постила во очите.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
Влатко чувствува како чекорот му запира, додека сите други трчаат...
„Тополите на крајот од дедовата ливада“
од Бистрица Миркуловска
(2001)
Се стресува, срцето му запира гледајќи дека тоа не е Помпеја - туку неговото село.
„Јанsа“
од Јован Стрезовски
(1986)
Богуле ѕиркаше низ цепот од вратата и ги гледаше што прават и му врвеа возбудливи трпки по телото, срцето забрзано му биеше, здивот му запираше.
„Јанsа“
од Јован Стрезовски
(1986)