— Море Ристе, море брату, гледај ти ние да си a свршиме нашата работичка и да лапниме по некоа бела меџудиа, та дали јајца ќе му готви, млеко со ориз, ореи со мед, тоа нека му мисли тој шо ме прати.
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
Зар не му мислат Србите оти со успехот на востанието, ако се праша: на кој јазик ќе треба да зборува судијата, да речеме, во Тетово? – автономната влада што ќе биде од „мнозинството“ ќе одговори: на бугарскиот: истото ќе го одговорат и месните жители, зашто во нивните очи Бугарите, а не Србите излегоа херои.
„За македонцките работи“
од Крсте Петков Мисирков
(1903)
За македонска народност, македонска литература и литературен јазик ние ќе можеме да му мислиме само кога ќе заживееме еднаш слободен политички живот; а до тогаш нам ни треба ние да сме соединети и да го оставиме настрана националното прашање.
„За македонцките работи“
од Крсте Петков Мисирков
(1903)
- Сега е нашето, а за свадбата зетот да му мисли... - благо и радосно ги одбиваше татко ѝ на Викторија роднините, кои по секоја порачка викаа „доста е“, „многу е...“
„Бојана и прстенот“
од Иван Точко
(1959)
Татко му и мајка му мислеа ако го женат ќе се скроти, ќе се измени.
„Животраг“
од Јован Стрезовски
(1995)
ДИМО: И ти треба да си легнеш, синко. Нема сега зошто да му мислиш…
„Духот на слободата“
од Војдан Чернодрински
(1909)
ПОП ЈАНЧЕ: Народно гајле, Анчо. Ако умре некој- попот треба да му мисли да го закопа.
„Антица“
од Ристо Крле
(1940)
Ако му се родило некому- попот треба да му мисли за крштевање.
„Антица“
од Ристо Крле
(1940)
Ако некому не му даваат жена, ако некоја девојка не ја бараат беќарите- заостанале, и тука попот треба да му мисли.
„Антица“
од Ристо Крле
(1940)
- Верно е, птиците се чудни животинки. Пеат, на човека зло не му мислат.
„Улица“
од Славко Јаневски
(1951)
- Не знам. Тој нема му мисли за тоа... Наша задача е да чекаме...
„Дружината Братско стебло“
од Јован Стрезовски
(1967)
Бргу сфати дека комитите му мислат добро на деда му.
„Луман арамијата“
од Мето Јовановски
(1954)
А пак не му мислам лошо, никому не му мислам лошо.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)