му (зам.) - нуди (гл.)

Но, кога тој, во уште подраматично време од својот живот, во Цариград, не ја прифати партијата на Ататурк која му нудеше брилијантна судиска кариера и висока позиција во новата власт, а не го прифати ни благословот на ниедна партија во родната земја кога, во времето на фашизмот, не ја прифати и понудата да ѝ се приклучи на Татковинската партија, по цена на губење на родното огниште и одење во траен егзил, не гледаше ниту сега посилна причина, во името на судиската кариера што му се нудеше, да стане член на Комунистичката партија! По никаква цена!
„Тврдина од пепел“ од Луан Старова (2002)
Штом примолкна плачот, Албанецот, пак меѓу своите, продолжи повтор за него — „Не тажи го, жено, ти сина си Кузман, бидејќи господ во рајот го пратил; неизмерни сласти му нуди; и само плачејќи душата ти му ја матиш, бидејќи тој падна со своите, бранејќи ја со нив херојски земјата мачна, а не како злосторник кого Темида го гони, фрла во јамата мрачна, и не како здушен од наказ, ил' прогниет, гладен, не како удавен в браној, и не како жена што потајна болест ја јаде, — туку од јуначки рани . . .
„Сердарот“ од Григор Прличев (1860)
Уште еден блесок на затегнатите момински бутини...и таа немарно му нуди чаша шампањско.
„Слово за змијата“ од Александар Прокопиев (1992)
Мислам дека и на Тито му нудеа тука да се оперира, ама Маршалот одби и отиде да си умре во клиничкиот центар во Љубљана.
„Бед инглиш“ од Дарко Митревски (2008)
И што му останува на, така дотераниот театар, освен да наоѓа замерки на „кибицерите“ на оние што го меркаат со одважност на искусни мажја, па онака, поради ефтина забава му нудат партнерство.
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)
Сѐ уште го гледам: претепан, со крв што од носот му се слеваше во устата, со нога што ја влечеше, зад себе, оти Фисот го беше претепал како никој, Бога го беше отепал во него, заради есејот со кој Лудвик стана херој кога се смени власта; но тој, како што ви е познато, не наседна на тие „партиски финти“, како што ги нарекуваше, и иако му нудеа место во новата власт, тој не се огласи.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Марко остана да седи ноќе на черга со подвиткани нозе под себе и да шепоти дека земјата,негова родна и неродна, го мачи додека туѓината го повикува и му нуди утеха.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Иако е централна личност на новиот технолошки култ и најголемите zaibatsu-и (корпорации) му нудат баснословни спогодби да работи за нив, повеќе сака да живее во расфрлан бунгалов со својата збирка (преку 100) музички инструменти - од ксилофони до гитари и дувачки инструменти.
„МАРГИНА бр. 17-18“ (1995)
Во тие пијани деноноќија дојдоа и Ѓупците кои војната ги разбрка; дојдоа одненадеж весели и распеани како да испоскокаа од небото; ја запоседнаа одново широчинката крај езерото, ги запоседнаа местата кои, по некое непишано правило, им припаѓаа и ги сметаа за свои, ги опседнаа казаните, пиеја од ракијата со грсти како вода да пијат од извор, играа и пееја, ги прескокаа огновите што ги палеа, го опкршуваа селото и секакви чуда и ѓаволштини правеа: секому спрема желба му нудеа и му даваа деца: машко, женско, пеленаче, годиначе, тригодишно или кој какво сака; нудеа и девојки и жени за евтини пари; нудеа за привремено или за постојано.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
А ти, излезен од постелата на розата Или од некој друг пообичен цвет, на пример Анамска рака (цвеќе што секому му нуди скромна насмевка, Но и нешто друго, умешно затскриено зад насмевката) Ја истресе утринската роса од очите, И знаеше дека согоруваш, како младиот крпач на Чевли од сутеренот, додека ѝ предава чифт Поправени летни обувки на студентката од мезанинот Во која потајно е вљубен.
„Посегање по чудесното“ од Србо Ивановски (2008)
Но, кога човек има најубави идеи, кога од песок гради градови, истовремено го обзема и чувството дека нема смисла ама речиси ништо да работи и тоа му нуди чувство на силна супериорност над сите во светот.
„МАРГИНА бр. 10“ (1997)
Книгите му нудеа и безброј можности и патишта да се открие другиот, различниот, да се здобие неговата доверба, неговото пријателство.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)