И намерно не знаат како се викал, едни го крстат Григорие други Георгие, и намерно не знаат ни од кое колено на Акиноските бил, дали од првото што се доселило во Потковицата или од некои од подоцнежните (и покрај што настаните, видовме, укажуваат на првото, врзано е за првите доселеници Турци во Потковицата, конкретно за Арслан бег, но кога човек ќе му обрне внимание на тоа, тие, за да му дадат уште поголема зачуденост на сето ова, за да ја изедначат сета таа историја со божје претсказание, си плукаат во пазувите, крстејќи се бошотат нејасни зборови и избегнувајќи да одговорат или да го продолжат разговорот, итро и брзо ја менуваат темата) но бил стар, мошне стар, и праведник.
„Потковица на смртта и надежта“
од Миле Неделкоски
(1986)
Еден пајдос кога Толе се накашла трипати, му се запули едно детиште во очите и му намигна со левото око, но Толе не му обрна внимание, бидејќи истото беше толку младо и толку слабо, та на Толета му беше просто неверојатно и да помисли дека тоа дете ќе може да издржи такви напори и ќотеци.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
Захаријадис без да му обрне внимание, рече: - Продолжи, Барsотас...
„Големата удолница“
од Петре Наковски
(2014)
Курта и Кртовица не му обрнуваат внимание.
„Последниот балкански вампир“
од Дејан Дуковски
(1989)
Но, плачот беше плач и не му обрна посебно внимание.
„Последната алка“
од Стојан Арсиќ
(2013)
Тоа беше нешто слично како Кетиното тесто за леб, кое не нараснува ако таа му обрнува преголемо внимание откако ќе го замеси со квасецот.
„Невестата на доселеникот“
од Стојан Христов
(2010)
Така исто мажот се чувствува кога жената која му била фантазија при самозадоволувањето не му обрнува внимание.
„Читај ми ги мислите“
од Ивана Иванова Канго
(2012)
Го избегнува и не му обрнува внимание.
„Читај ми ги мислите“
од Ивана Иванова Канго
(2012)
Му треба некој што ќе му обрнува внимание.
„Читај ми ги мислите“
од Ивана Иванова Канго
(2012)
Додека му ја подаваа пушката, командантот гледаше во некое неодредено место, правејќи крукчиња од чадот на цигарата што ја пушеше.
„На пат кон Дамаск“
од Елизабета Баковска
(2006)
Иако се чинеше дека не му обрна големо внимание по тој еден единствен презрив поглед, тој отсечно нареди токму него да го стават на ноќна стража.
„На пат кон Дамаск“
од Елизабета Баковска
(2006)
Расмеано право в очи го гледаше Еда, а со залажувачки погледи повремено се свртуваше кон Марка со цел да му обрне внимание дека таа слуша со посебно интересирање како тие двајцата зборуваат.
„Продавница за љубопитните“
од Мето Јовановски
(2003)
Авторот пак мораше да го почека овој да му обрне внимание.
„Продавница за љубопитните“
од Мето Јовановски
(2003)
Не му обрнав никакво внимание, но тоа провокативно и подбивно ми се наметна.
„Продавница за љубопитните“
од Мето Јовановски
(2003)
Значи, синот (бидејќи е поинтересна фигура за анализа) ги одбира најкривите патишта во животот, само за да го натера таткото да му обрне внимание, да го застане на правиот пат (а и двајцата мислеа дека на едниот му е поправ од другиот).
„Вител во Витлеем“
од Марта Маркоска
(2010)
Но големите деца не му обрнуваат внимание.
„Зоки Поки“
од Оливера Николова
(1963)
Но учителот нему не му обрнува внимание.
„Дружината Братско стебло“
од Јован Стрезовски
(1967)
Но овој на тоа не му обрнува никакво внимание.
„Дружината Братско стебло“
од Јован Стрезовски
(1967)
Но Лангачот на ова не му обрнува внимание.
„Дружината Братско стебло“
од Јован Стрезовски
(1967)
Секретарот Јаворов добро го слушна коментарот на Јагулче, но не му обрна внимание.
„Патот на јагулите“
од Луан Старова
(2000)
Везирот му обрна внимание на муалимовиот натпис во стихови, пополека ја крена раката и двапати го прецрта целиот натпис.
„Црни овци“
од Катица Ќулавкова
(2012)
Малку по малку, исчезна сосема и оној од разораната земја и од расфрланите предмети што ги опкружуваат сите нови градби; народот ги разнесе и водата ги однесе искршените колци и парчињата од скелињата и преостанатата граѓа, а дождовите ги измија трагите од каменорезачкиот труд.
„Црни овци“
од Катица Ќулавкова
(2012)
Ќе одговара и имателот на предметот ако штетата произлегла од некоја скриена мана или скриено својство на предметот на кои тој не му обрнал внимание.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)
Наместо имателот на предметот, и исто како тој, одговара лицето на кое имателот му го доверил предметот да се служи со него, или лицето кое е инаку должно да го надгледува, а не е кај него на работа.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)