Прво се поставува прашањето: дали комитетите, расудувајќи логично, можат да му објават војна на новото течење?
„За македонцките работи“
од Крсте Петков Мисирков
(1903)
Во 306 пне. бил прогласен за басилеј, а при крајот на 306/305 ја зел кралската титула и му објавил на елинистичкиот свет дека е независен.
„Џебна историја на македонскиот народ“
од Група автори
(2009)
Со решенијата донесени на Виенскиот конгрес била прекроена картата на Европа, игнорирајќи ги притоа националните интереси на народите и малите држави. 2 Корените на американскиот изолационизам датираат уште од 2 декември 1823 година, кога Монро му објавил на светот дека „политичкиот систем на сојузничките сили битно се разликува… од политичкиот систем на Америка.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“
од Тодор Чепреганов
(2012)
Затоа, од обѕири спрема чесните и пријателски односи што постојат меѓу САД и овие сили, должни сме да објасниме дека секој обид што би дошол од нивна страна, во смисла на проширување на нивниот систем на кој било дел од оваа хемисфера, ќе го сметаме за опасен по нашиот мир и безбедност…
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“
од Тодор Чепреганов
(2012)
Нејзиниот професионален феминизам и нејзиниот постхуманистички манифест меѓусебно се исклучуваат.
„МАРГИНА бр. 37“
(1997)
Оној што му објавува војна на она што е „природно“ не е во позиција да ги оплакува неприродните „општествено прифатени стандарди за убавина“; ако телото е само РАМКА што чека да биде наполнета со нови податоци“, кој било сет е еднакво добар.
„МАРГИНА бр. 37“
(1997)
Штотуку седнале крај софра под свои покриви, суви и преслаби дури и на преслаб ветар да му се спротиват, власта ги потерала пред себе со кундаци и со камшици заедно со оние што патем ја напуштале дружината - ураганот на судбината не престанал да ги сотира.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Но не сите: се извлекле некако со пушки од сардисаното село Онисифор Проказник, Арсо Арнаутче и Лозан Перуника и со клетва над нож и Библија му објавиле војна на зулумот, на намразениот Али-бег и на сѐ што било под него и над него.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Умре Сталин. Дојде Хрушчов и му објави војна на сталинизмот.
„На пат со времето“
од Петре Наковски
(2010)
Мајка ми обично го прекинуваше од ноќното читање и размислување кога имаше нешто пресудно да му објави.
„Времето на козите“
од Луан Старова
(1993)
Ми дојде дури онака, да вреснам, за да му објавам дека и јас сум во собата.
„Желките од рајската градина“
од Србо Ивановски
(2010)
Почесен докторат на Сорбона. Патува во Женева и Египет.
„МАРГИНА бр. 32-33“
(1996)
Бо Барцелона му објавуваат книга со два раскази. 1978.
„МАРГИНА бр. 32-33“
(1996)
Патување во Јапонија заедно со Марија Кодама.
„МАРГИНА бр. 32-33“
(1996)
1979. Излегува книгата Борхес зборува.
„МАРГИНА бр. 32-33“
(1996)