И додека му се случуваше тоа, пропаѓањето во живиот песок, и тоа, изгубеното око во боевите, му плачеше, од под црната преврска прудолу по лицето се тркалаа крупни солзи.
„Потковица на смртта и надежта“
од Миле Неделкоски
(1986)
Југоносталгичар е личност која не гледа ниту во сегашноста ниту во иднината туку е заробен у Титовото време, а душата постојано му плаче за пропаднатиот систем.
„Двоглед“
од Горан Јанкуловски
(2011)
Сега, на венчавката на девојката во бело застаната пред нив, ќерка им, по движењето на шамичето во нејзината рака тој знаеше дека, конечно, жена му плаче од среќа.
„На пат кон Дамаск“
од Елизабета Баковска
(2006)
Солзите не можеше да ѝ ги види, ѝ го гледаше само профилот, подбрадокот што го пуштила во текот на овие години и побелената коса која никогаш не ја обои, стокмена во кратка и уредна фризура, направена специјално за венчавката.
„На пат кон Дамаск“
од Елизабета Баковска
(2006)
Па, нему и крвта со човечки глас му плачеше.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
Мајка му плачеше и одеше по него по патот сè додека не ѝ се изгубеше од погледот.
„Свето проклето“
од Јован Стрезовски
(1978)
И самата не знам како се случи тоа, но набрзо по овој наш разговор се заварив себеси како си го поставувам токму тоа прашање „Каде е сега мојот Ведран?
„Синот“
од Србо Ивановски
(2006)
Се смееше мојот Човек, довикуваше, а знаев дека срцето му плаче.
„Синот“
од Србо Ивановски
(2006)
Зарем не беше време да сврати?“
„Синот“
од Србо Ивановски
(2006)
Се разбира, и денеска е понеделник на морскиот брег пред куќата на Маркес во Картагена де Индиас, и денеска две петлиња се перчат и му плачат мајче на Хозе Буендија башка и се занесуваат дека петлињата што ќе се најдат на морскиот брег кога тогаш ќе станат галеби, гиздави и отмени, кои во даден момент нема да ја пропуштат приликата да му се посерат на немиената глава на Хозе Буендија.
„Ситночекорка“
од Ристо Лазаров
(2012)