му (зам.) - раскаже (гл.)

Јас уште му раскажав за борбата што ја имав со Синан-ефенди, исто одметник.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Мама полека сѐ му раскажа на тато: што станало, како станало, што рекол директорот и дека нема да ми го намалат поведението.
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
Филистејците се далдисани со правењето излези од митовите и со големо задоцнување ќе дознаат дека Давид во јабана во една меана му раскажал сѐ на Караваџо
„Светилничар“ од Ристо Лазаров (2013)
Потем сал туку се излежуваше по дома, си остана младоженец без невеста, едно време се пушти глас дека станал акробат и ноќум одел по жица како месечар, филистејците се такви, на спасителите им подаруваат осаменост, им го нудат и кошмарот на заминувањето од родната грутка – барем сега не се талка со месеци по морињата до Австралија и Нов Зеланд, а ако е до пустини и таму има пустини, но децата таму не чуле за прачки, не виделе дренки и шумски малини, децата таму се далдисани во компјутерски игри.
„Светилничар“ од Ристо Лазаров (2013)
Кому ќе му раскаже за последната ноќ со Бимбила.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Утре мене ќе ме нема", ќе му рече и сè, сè со ред ќе му раскаже.
„Човекот во сина облека“ од Мето Јовановски (2011)
Нешто ме пресече во колената: можно ли е, си мислев, можно ли е онаа глупава Луција да му раскажала сѐ?
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Татко ми сака да ги прочитам за десет дни и да му раскажам за нив.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
- Потоа, продолжи Вера, - таа му раскажала за другарувањето со неговата другарка и за тоа колку им било тешко да се разделат кога решиле да одат, во различни средни училишта.
„Друга мајка“ од Драгица Најческа (1979)
Бол, повторена возможност на заборавениот Лозан Перуника кога ни го викнале да чекори со оние што ја пребарувале густината на леските ни му покажале стражарско место да го демне призрачето на гаќи од кои се мавта учкур како памучна сабја на смешен, потсмешлив или исмеан делија.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Со засипнат глас од кој и мртвите сенки се морничавеле, му раскажал што се случило. И паднал со пена на усните.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Слепо во споулавеноста барајќи пат кон тишини во кои не ќе зататни ни пушка ни топ, по богтизнае колку замаглени дни и студени ноќи, се сретнал во безживотен дол со калуѓер.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Но таа споулавеност со искубана брада еднаш веќе го предупредила со оган неголемото село на каменоделците - ноќта е мајка на неутешените и маштеа е на непретпазливите, мислел или се сеќавал на нечии зборови најмладиот од дружината и не знаел дали да ѝ се придружи на исто така заборавената старост, да седне до склопчениот Симон Наконтик и без здив, со невидливо црвенило на лицето во мракот, да му раскаже за глувата и нема Ганка.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Му раскажав за случката и за сомневањата.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
Сите кои имаа можност да ги видат, а можеше секој од Потковицата да ги види, беше само да отиде дома кај Акиноските и на надлежиот за тефтерот, по правило тоа беше најстариот од нив, да му раскаже нешто кое навистина се случило и кое ги засегнуваше сите од ред во Потковицата, остануваа стаписани од големината нивна (собрани на куп, со тевтерите можеше да се наполни доволно еден дел вејнички куфер) и од писмото во нив: беше чудесно испишано и украсено со разно-разни шари.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Овој тевтер, или повеќе истородни тевтери, со сигурност се знае, во Потковицата суштествуваа до почетокот на педесеттите години на овој век, односно од времето кога присилата за колективизација многумина од Потковицата ги распрска на сите страни.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Повторно седнал на масата и му раскажал сето ова што го раскажавме погоре, и потоа го прашал дали е жива Драганка, зашто разбрал дека многу убиства извршиле Србите во Потковицата.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Немаа време ниту да седнат. Задушувајќи се во солзи, Марија му раскажа за бедата во болницата, за варваризмот на болничарките, за храната која како да е за кучиња, за бескрајните ноќи во кои не можеше да заспие од ужас.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Таа ги впери своите згрозени очи во неговите.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Ако те викне падишахот кај него, да му раскажеш сѐ по ред како мене што ми раскажа. Разбра?
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Можеби, ако му раскажам, дека твојата сопружничка среќа не е баш кој знае колку голема...
„МАРГИНА бр. 17-18“ (1995)
— Как бре, шмеќар, се оджени? — се зачуди Стојан, а Крсте му раскажа сѐ.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Од деталите раскажани во врска со овој мој постојан сон толкувачот на сонови од оваа барака извлекол заклучок дека прогонувачот постојано се движел праволинејно а притоа и прилично брзо за да може да изведе и таква операција каква што е наведнувањето.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Многу недели подоцна , кога ме сместија во Установата за душевно неурамнотежените, и кога му раскажав на човекот од бараката број три за прогонот на Непознатиот на Слатински ливади тој постојано ме подучуваше дека требало да се поднаведнам во моментот кога ме престигнувал.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
- Никогаш полошо не ми било, - рече Бошко заумено и му раскажа сѐ како му порачал Луман и што мисли дека го чекало.
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
- Да чујам, -рече. Децата му раскажаа сѐ.
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
А кога се прибрала дома доцна вечерта Босилка побрзала сè да му раскаже на својот Кубре.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Марко уште погласно почна да плаче, а јас сакав да ги земам листовите и да одам да му ги пикнам во уста за да замолчи веќе еднаш, но знаев дека потоа ќе ми биде жал и затоа се повлеков.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
Си мислев дека кога ќе се симне за ручек сè ќе му раскажам и можеби ќе го сфати тоа и малку како поезија.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
Ќе му раскажам сè детално, за да му биде интересно.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
Колку смешна, детска мисла!
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
Кога дува силно, ги тресе и тие баботат.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
Му раскажав за настанот. А, па тоа се дервишите!
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
Вечерта, дома, на татко ми му раскажав сѐ.
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
Тој ден игравме шах; отидовме во самопослуга да ми купи сладолед; ни пресече студена лубеница по ручекот; ни скина грозје од лозницата над терасата; ми вети дека ќе ми ја залепи гумата од велосипедот; го капевме кучето Синга во пластично легенче, а тетка Јорданка (жената со која живее, а за која јас често го прашувам дали може да се рече дека му е девојка) го триеше со шампон; ми предложи да одам заедно со нив десет дена во Охрид пред да ми почне наставата во училиштето; се радуваше кога му раскажав дека во Тиват ме избрале за втор придружник на Мистер на летувалиштето; ми честиташе што сум бил победник во натпреварот по пливање...
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
- Тој твој Абраш, на пример, по вашата тепачка, не ќе може да си појде дома и за сè да му раскаже на татка си.
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
По малку се плашев како ќе реагира кога за сè ќе му раскажам.
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
Јас му раскажав за сѐ. Не прескокнав ниту еден детаљ.
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
Молбата му била задоволена, но Наум, во знак на “благодарност“ му раскажал на Стефан дека Марко - “бакалот“ на дуќанот од кој бил ископан каналот до темелите на Банката, бил скриен во куќата на неговиот брат, служител во Егзархиската гимназија.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
Наум, решен докрај да се прослави како предавник, во неделата се јавил пак кај Стефан и му раскажал дека Марко не бил пронајден затоа што успеал да се скрие.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
Утредента наутро, без двоумење, Стефан отишол право кај валијата и му раскажал за засолништето на Марко.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
Чувствував дека нему можам сè за Ивана да му раскажам, а нејзе...
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
И решив да не му раскажувам. Тогаш решив: не само нему туку никому на овој свет да не му раскажам за моите доживувања.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Нејзе, не бев сигурна веќе.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)