Беа правични ама и готови за правдина на врат да му стапнат на човека.
„Потковица на смртта и надежта“
од Миле Неделкоски
(1986)
Месни раководители и агитатори што имале можност да одат во Бугарија и таму да се сретнат и да разменат мисли со членовите на Организацијата од разни делови на Македонија и да се запознаат со положбата во емигрантската организација се враќале - пишува Шатев - “уште поопозиционо настроени и речиси сите ја потцртувале деморализаторската атмосфера во слободна Бугарија, тврдејки дека кој сака да остане чист во делото... не треба нога да му стапне во Бугарија, или пак, ако мора да оди - да не стои повеќе од една седмица“37.
„Солунските атентати 1903“
од Крсте Битоски
(2003)
- Цревата на рака ќе му ги навиткам, вели Мисајле зазбивано, како кокошајнца ќе го изгазам, во чкембето ќе му стапнам, вели Мисајле со модра и збувната уста.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
Да видеше тој како се осудува да му стапне на честа од кир Ристаќија!... (излегува).
„Антица“
од Ристо Крле
(1940)
Еднаш навечер, Марина ми рече дека Синдерјушкин ме нарекол хулиган затоа што му стапнав на ногата.
„МАРГИНА бр. 3“
(1994)