Летна му душа из снага, низ уста му неми, летна, без да кажит слово (немаше и кому) ни за себе, ни за мајка, ни за прво либе...
„Крвава кошула“
од Рајко Жинзифов
(1870)
Ами, сестро, ако вакви маки тргаат сите жени шо раѓаат, тогај јака му душа на тиа што имаат родени по петшест па и десет деца.
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
Како да сум осуден на заминување. – Татко ти, спокојна му душа, беше храбар човек, ги издржа сите налети, остана силен на своето место! – Јас како да ги наследив мајкините гени, морам да ги истрадам нејзините заминувања. Ѝ реков пред некој ден оти ќе заминам преку границата, со жена ми и децата.
„Ервехе“
од Луан Старова
(2006)
Блазе си му на тој Шекер - си помислив - цел живот јаде бонбони колку што му душа сака.
„Јас - момчето молња“
од Јагода Михајловска Георгиева
(1989)
23. ПО УШИТЕ, НЕ ПО ОЧИТЕ, ИЗБЕРИ СИ БРАЧЕН ДРУГАР - првин ислушај што и како зборува тој, слушај, па испотрчи околу него илјада и триста круга да можеш да ја заобрачиш недосегливата му душа...
„Куршуми низ времето“
од Љупчо Стојменски
(1976)
Колку за нишан, нека прате колку му душа кабули.
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
И секој од нив носи што му душа сака и бара помош од свети Димитрија.
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)