До Парољуб ко мува на лепешка беше залепен новинарот Сранко Серовски од гз папирот Шприц, кој незабележано го фаќаше за кошуљата притоа давајќи му знак да не се лакоми толку и да остаи нешто и за другите.
„Двоглед“
од Горан Јанкуловски
(2011)
Србин се приаи и давајќи му знак на Шишмана со ставање на прстот на носот, тргна сам кон влезот на шаторот.
„Будалетинки“
од Мето Јовановски
(1973)
Но отец Иларион знаеше дека Бонети не мирува, па често кога ќе го насетеше дека се вртка крај нејзината одаја, ќе се накашлаше давајќи му знак дека е буден, или ќе ја отклучеше вратата од својата одаја давајќи му време на Бонети да се повлече, да не дојде до кавга, до расправија.
„Злодобро“
од Јован Стрезовски
(1990)
Му се доближа на ротниот, давајќи му знак да дојде малку на страна.
„Будалетинки“
од Мето Јовановски
(1973)
Ти зборуваш апстрактно, а работата е премногу конкретна,” се обиде да му објасни Андон, давајќи му знак на келнерот да донесе уште едно бокалче со вино.
„Полицајка в кревет“
од Веле Смилевски
(2012)