Всушност, му објаснив како сум сигурна дека не сум за тоа и дека не знам што би правела ако отидам таму.
„Знаеш ли да љубиш“
од Ивана Иванова Канго
(2013)
Откако му објаснив дека се викам исто како и едно дрво што расте во нашиве краишта, Игбал има обичај да рече: - Познавам две Брези, едно девојче и едно дрво и тоа е сосема доволно да можам да кажам дека ја познавам твојата татковина и дека го разбирам јазикот на кој зборувате.
„Игбал, мојата тајна“
од Јагода Михајловска Георгиева
(2000)
- Многу го спомнуваат во бајките и јас не верував дека навистина постои - му објаснив.
„Игбал, мојата тајна“
од Јагода Михајловска Георгиева
(2000)
Му објаснив на Даскалов дека и местото на кое ќе ја погребеме, мајка ми самата си го избра.
„Синот“
од Србо Ивановски
(2006)
Кога ми објасни Кожинката дека момчето е интелегентно и дека веќе подолго време го измачувало прашањето кој е татко му, му објаснив на Кожинката дека интелегенцијата на момчето не е предмет на нашето обвинение.
„Синот“
од Србо Ивановски
(2006)
Кога ми покажуваше таму, на Тумбата, каде точно сака да биде нејзиниот вечен дом, таа дури ни не праша што мислам јас за нејзиниот избор.
„Синот“
од Србо Ивановски
(2006)
Ете, тоа ми го рече мајка ми - му објаснив на Даскалов.
„Синот“
од Србо Ивановски
(2006)
- Со нашите раце и со умот го создаваме и доброто и злото.
„Синот“
од Србо Ивановски
(2006)
„Однеси му ги на затвореникот оние страници од весниците каде што се ребусите” му реков, „нека ги решава.
„Синот“
од Србо Ивановски
(2006)
А за тоа кој му е татко и како да го бара речи му дека ќе го посоветуваш дури кога ќе излезе од занданата.
„Синот“
од Србо Ивановски
(2006)
- Тие се „домци“, - му објаснив - живеат во онаа зграда што ја нарекуваат Дом, во близина на градинката на Бреза.
„Јас - момчето молња“
од Јагода Михајловска Георгиева
(1989)
Немаше време за многу зборови. Арафат долго ме држеше за рака додека му објаснив дека сум сега амбасадор на Република Македонија.
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)
Добро знаеше дека повеќе не постои СФР Југославија. Туку СР Југославија (односно заедницата меѓу Србија и Црна Гора), земја која продолжи да ја признава државата Палестина, самопрогласена во 1988 година.
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)
- Станува збор за француски филм и за француски борци затоа и немаш слушнато - му објаснив на Господ Саздов.
„Летот на Загорка Пеперутката“
од Србо Ивановски
(2005)
- Кај Французите сè е можно.
„Летот на Загорка Пеперутката“
од Србо Ивановски
(2005)
Сега, додека размислувам за тетка Боса наеднаш си спомнувам дека јас сето време додека таа зборуваше молчев.
„Летот на Загорка Пеперутката“
од Србо Ивановски
(2005)
Затоа и верувам дека Благола ќе ги прифати моите причини и дека ќе побара и самиот да се врати дома, му објаснив на Смокот.
„Летот на Загорка Пеперутката“
од Србо Ивановски
(2005)
Јас му објаснив што е и дека не може таква повреда да се преврзе.
„Три жени во три слики“
од Ленче Милошевска
(2000)
Биди барем овој пат разумен, му објаснив на двојникот во огледалото.
„Желките од рајската градина“
од Србо Ивановски
(2010)