Вујко му тогаш пренесуваше со своето добиче камени плочи за предворјето и го беше повел со себе.
„Вежби за Ибн Пајко“
од Оливера Николова
(2007)
Бездруго оттаму, од ќотекот и од уплавот што ги добил мајка му тогаш, дојде и алипноста на умот Димков.
„Потковица на смртта и надежта“
од Миле Неделкоски
(1986)
Кога видоа жителите на Потковицата, особено војводите, Крсте Јаначески, Најдо Акиноски и Дамческите, Мирче и Даме, дека се пусти куќата и имотот на Ордана Голушка, дека жената и детето негово не ги бива за некоја полска работа, и нив и имотот нивни ги зедоа под свое.
„Потковица на смртта и надежта“
од Миле Неделкоски
(1986)