А еве, сега пред неа лежи градот што таа толку сакаше да го напуштат, потонат во окупацискиот замолк, во првите студови, новата неизвесност, оскудиците во храна, во сапун, во спокој...
„Светилка за Ханука“
од Томислав Османли
(2008)
Првата зима на ова војна не само возрасните единоверци, туку и нивните деца умираат како муви.
„Светилка за Ханука“
од Томислав Османли
(2008)
Сепак, погледнав кон последната страница и видов нешто што никој друг не го гледаше: Луција беше гола. Беше распорена; врз неа лежеше телото на Фисот.
„Папокот на светот“
од Венко Андоновски
(2000)
Веднаш до неа лежеше накривениот школски глобус со своите меридијани што ги познавав и бев семожен над нив.
„Улица“
од Славко Јаневски
(1951)