Пред него пукна една просторна сала, што ја опфаќаше целата куќарка, со по два прозорци од обете страни, доста посветла од одајчето и многу постудена.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)
Знае само дека по тој миг или таа вечност пред него пукна бескраен тунел, набиен со мрачен мрак низ кој заморно и со напор се пробиваше неговиот поглед додека најпосле, низ бескрајната далечина, не здогледа на другиот крај на тунелот блесок на бела светлина кон која стрмоглаво полета.
„Човекот во сина облека“
од Мето Јовановски
(2011)
Но тој час, од ливадата пред него пукна пушка.
„Луман арамијата“
од Мето Јовановски
(1954)