СКИТАЊЕ ПО БЕЛ СВЕТ ДОДЕКА со колата минував низ Булоњската шума, на еден крстопат, пред црвеното светло на семафорот, ме престаса еден „Фордкапри“, кој го возеше млад човек, а до него седеше русокоса жена, веројатно негова сопруга.
„Патувања“
од Никола Кирков
(1982)
Наспроти него седи берберот.
„Последниот балкански вампир“
од Дејан Дуковски
(1989)
Има само едно дрво на крајот од нивата но под него седат кметот, жена му и децата; кметот дреми и повремено фрла поглед кон аргатите да види дали жнеат и колку ожнеале; под сенката лежи и нивното куче кое збивта со издолжен јазик и измеќарот кој се врти околу огнот и му вари кафе на кметот; крај стеблото е врзан коњот кој стои како отепан од бога; ниту јаде, ниту помрднува, а само повремено плуснува со опашката терајќи ги мувите.
„Животраг“
од Јован Стрезовски
(1995)
Ги стискаше двете искинати копчиња во влажна дланка и веќе не мислеше ни на Никола ни на себе и заборави дури дека со него седат и неговите верници во чии грла разузданоста на таа вечер без мера сипуваше ракија.
„Месечар“
од Славко Јаневски
(1959)
„Филозофот треба да знае дека на тоа столче, пресветол управнику, пред него седел само уште отец Стефан“, изустив, мислејќи дека со тоа ќе ја задоволам потребата на Стефан да биде пофален.
„Папокот на светот“
од Венко Андоновски
(2000)
Кога повторно си дојде на себеси, гледа пред него седи на колена и му ги влажни усните со камилско млеко.
„Пустина“
од Ѓорѓи Абаџиев
(1961)
Лежеше во каушот. До него седеше Патрокле.
„Пустина“
од Ѓорѓи Абаџиев
(1961)
До него седеше мајка и Ленче. „Ќерко, имам нешто важно да ти соопштам.
„Белиот јоргован“
од Хајди Елзесер
(2012)
Влатко можеше да ја види само од грб, зашто седеше во оркестарот, во втора редица, а до него седеше Филип со мандолина, се погледнаа и со погледот си рекоа: Таа е наша другарка, најубава и среде трупата.
„Тополите на крајот од дедовата ливада“
од Бистрица Миркуловска
(2001)
До него седеше едно шеснаесетгодишно момче.
„Волшебното самарче“
од Ванчо Николески
(1967)
До него седеше чичко Ламбе.
„Волшебното самарче“
од Ванчо Николески
(1967)