Од куќните тесни врати овде-онде стар топ зјапа, а зад него куп гранати под бетонска лежат капа.
„Пупи Паф во Шумшул град“
од Славко Јаневски
(1996)
Околу него куп празни чаури. Нозете му се одвоени од трупот. Како да сакале без него да побегнат.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
Опишувањето на она што го гледав одејќи од реката кон кулата, синиот пајак со златна глава го сфати како игра на зборови.
„Пупи Паф во Шумшул град“
од Славко Јаневски
(1996)