него (зам.) - никогаш (прил.)

Се разбира, со него никогаш не успеав.
„МАРГИНА бр. 3“ (1994)
Со таков автор не е тешко да комуницираш, пред се, оти дијалогот со него никогаш нема да ти заврши.
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)
Но него никогаш не го најдоа, а Јована, зашто не беше ни христијанин ни Турчин, се здоговорија да го закопаат тука, на Камен.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Многу од убедувањата и ставовите што се бараат од него никогаш не биле јасно искажани и не би можеле да бидат искажани без да се разоткрие притоа сета контрадикторност што му е својствена на Ангсоц-от.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Градските пијаници, за среќа на станарите од зградата не го сметаа влезот за привлечна дестинација за мочање и така во него никогаш не се ширеше непријатна реа, нешто со што многу други згради не можеа да се пофалат.
„Браќата на Александар“ од Константин Петровски (2013)
Тоа око е безизразно, од него никогаш не зрачи радост, како што зрачи од другото тага.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Јас него никогаш не го видов и многу работи околу односите со Шефот ми останаа нејасни.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)