Кочо го забележа него уште од воз - сѐ така пијан и готов да се кара.
„Послание“
од Блаже Конески
(2008)
Во сивкавиот полумрак близу до неа поминува носилката со ранетиот без раце и покрај него уште еден маж, со очи вковани в земја. Тешко се движи на патерици.
„Големата удолница“
од Петре Наковски
(2014)
Татко продолжи да живее со тој сон во него уште кога сонуваше во родниот Поградец да се најде во Цариград, кај светот на мајкините роднини.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
Не сакав да се крие пред своите врсници и да плаче ноќе поради мене. Не сакав да живеам во него уште еднаш и ( не знаејќи дека мојот старец ќе живее во мене повторно, сеедно и каде) не ти реков ни збогум.
„Забранета одаја“
од Славко Јаневски
(1988)
Што ќе правеше со него уште не знаеше баш најчисто, но нели беше спремен да направи муабет за тоа со ќајата, божем бара од него совет како од прв пријател.
„Вежби за Ибн Пајко“
од Оливера Николова
(2007)
Него уште тука го запретавме.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
Не сакав да живеам во него уште еднаш и (не знаејќи дека мојот старец ќе живее во мене повторно, сеедно кога и каде) не ти реков ни збогум.
„Кловнови и луѓе“
од Славко Јаневски
(1956)
Млекарката излезе од платното и претрча до најблискиот киоск да си купи влажни марамчиња, да ѝ се најдат, ако, не дај боже, ѝ засолзат очите.
„Светилничар“
од Ристо Лазаров
(2013)
Пред едно од кафулињата во улицата на црвените фенери застана чамец и од него уште неизлезен Вермер нарача капучино со многу пена и малку шеќер
„Светилничар“
од Ристо Лазаров
(2013)