него (зам.) - додека (сврз.)

А кој беше за Љуб Куле, Ада Кале, Диар Бекир, Ерзерум, Измир и други казнени заводи, им сочувствуваше и просто ги жалеше дека не ќе можат „ѓене да бујрумат" кај него додека се таму далеку.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Така бркани од силниот аскер членовите на востаничкиот штаб — Сарафов, Гарванов, Тале поп Христов, Лука Џеров (без Дамета), со стотина свои истоштени четници, — седеа еден ден под широките ели на Копанките, под самиот врв Кајмакчалан, длабоко замислени, не знаејќи какви мерки да преземат барем нивните глави да ги довардат.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
По случката со аскерот во Мечи Дол, мудурот и јузбашијата не посмеаја да праќаат потери по него додека не добијат уште некој табур војска од Прилеп.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Му се чинеше ќе осквернави нешто чисто, возвишено, ако ѝ открие што разбуди таа во него додека танцуваше полугола на подиумот.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Војниците му застануваа со колената на нозете, на слабината и на главата да не прета; и додека тој рикаше беспомошно и силно што оѕвиваше селото и планината - касапот ќе му го зариеше ножот во грлото, риејќи низ него додека му го пресечеше гркленот; кркореше бикот, шикаше крв на сите страни стркајќи ги војниците, се виреше крвта во локва и правеше црвена браздичка која истекуваше во езерото зацрвенувајќи ја водата.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
Често седејќи крај него додека се смиреше, му ги читаше неиспратените писма што ги пишувал на фронтот и што му беа во торбата каде што ги држеше плачките.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
Тој беше сам, сосем сам, освен неговиот мачор, кој беше крај него, мјаукајќи по него додека тој одеше.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Сакал духовно да ме згрижи, па го правел она што можел - бараше да бидам покрај него додека траеше радио концертот.
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)
Повторно од високите ѕидови од холот на хотел нè пречекаа наивно нацртаните фасади на црквите што ти го напаѓа погледот каде и да се наоѓаш – крај барот, на рецепцијата, пред некоја од силите за конференции, пред стаклениот лифт или во него додека се качуваш до некој од внатрешните катови.
„Човекот со четири часовници“ од Александар Прокопиев (2003)
Додека со „тикото“ се враќавме по „Партизанска“, си мислев на сегашната кастрирана еснафска фела, туку во „метрополата“ Скопје и во другите македонски градови со долга еснафска традиција, значи – на лекарите, инженерите, новинарите, научниците, уметниците, т.н. „факултетски образован“ кадар, кој, со мали исклучоци, е минимизиран, преку економска присилба, во своите професионални и креативни можности.
„Човекот со четири часовници“ од Александар Прокопиев (2003)
Понекогаш, така, полускришно, гледав во него додека јаде, гледав како ја држи лажицата и како, со погледот надолу, ја принесува кон устата.
„Братот“ од Димитар Башевски (2007)
- Што велиш Хана да одиме на кафе? - ја праша жената која со денови наназад седнуваше на седиштето покрај него додека патуваше со автобусот накај работното место.
„Вител во Витлеем“ од Марта Маркоска (2010)
Кога ќе фатеше Делин некој качак, го врзуваше за дрво во трапот и по цел ден пукаше во него додека не го распарталеше.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
Граничарите плачеа со него додека стоеше и низ солзи ги гледаше ливадите каде што ја побарал баба ни.
„Ласа“ од Наташа Димитриевска Кривошеев (2011)
Се врати и по неколку месеци легна во постела.
„Ласа“ од Наташа Димитриевска Кривошеев (2011)
Голем љубител на хумор од ниско ниво, и приближни преметкувања на зборови и гласови, Дишан го овековечува некохерентниот дух и се храни со него додека соработува како хуморист во Смеа (Rire), во Насмевка (Sourire) и Courrier francais, весници со кои се поврзани многу „Некохерентни” 28 okno.mk како Вилет и Хенри Греј (Willette, Henry Gray).
„МАРГИНА бр. 34“ (1996)
Но тој имал моќни очи и можел без милосливоста на месечината да го види меѓу сите видовитиот Дмитар-Пејко и да дојде до него додека ја сечел со џбиткавоста толпата што полека се стивнувала, чиниш и се предала на судбината во многубожечко исчекување на ново чудо.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Пак зачекорил. Збиените луѓе како да му пошле в пресрет.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Крцкањето и цивкањето на пружината, шепотот на Нанчо во кој навираше неговата страст или она женско Не, нее, не така... полекааа... од ноќ во ноќ сѐ побезобразно, сѐ поотворено, сѐ понападно, уште пред самиот да ми рече дека му пререкле од мензата дека треба да си заминам оти скришум ме ранел од таму, појдов до мојот вистински вујко, братот на мајка ми, кој во тоа време имаше навистина светла, просторна и убаво наместена одаја во една од зградите на Автокоманда со молба да ме прибере кај него додека дојдат моите од Војводина.
„Исчезнување“ од Ташко Георгиевски (1998)
Ти тргна по правиот пат уште пред петнаесет години и оди по него додека ќе ти стои главата на рамењата.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
- Дане, еј, Дане, - викаше Горда. Грдан погледна во неа да види по кого вика, но Горда гледаше во него додека тој се обѕираше околу себе да види некого: - По кого викаш?
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Седна до него додека тој вечераше.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)