Меѓутоа, тука беа Татковите книги, од кои сѐ уште се ослободуваше некаква светлина, некаква надеж, да се истрајува додека тие се прелистуваа од невидливите раце на судбината.
„Ервехе“
од Луан Старова
(2006)
Фактот дека Даниелс бил геј-исполнител уште пред да стане професионален контратенор или дека покажал јавен геј-идентитет со тоа што станал контратенор, воопшто не дава никакви информации за некакваси можна поврзаност помеѓу неговиот глас, неговата изведба и неговото гејство, а не фрла ниту некаква светлина врз поврзаноста помеѓу музикалноста и сексуалноста.110
Пеењето женски гласовен репертоар, најпосле, не е нималку поиндикативно за Даниелсовиот субјективитет отколку играњето кошарка: и едното и другото се само забавни активности што на крајот не ни кажуваат ништо за поединецот што учествува во нив.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Со смртта, со наближувањето на смртта, човек насетува како му се смалува кругот на светлината на семејството, народот, татковината, светот... – Животните немаат татковина, немаат некаква светлина да бранат! – ја упростувал мислата Чанга.
„Времето на козите“
од Луан Старова
(1993)
Светлината не е константна туку трепка како што трепка огнот под неа, но подобро некаква светлина одошто неикаква па да се ризикува да се вклучи градската струја и целот град да се запали носејќи ги животите на сите. Но не е проблемот во тоа.
„Балканска книга на умрените“
од Мето Јовановски
(1992)
– Штом ти го покажав писмото- покана за Италија и ти со голема возбуда го прочита, те озари некаква светлина во лицето.
„Ервехе“
од Луан Старова
(2006)