Очекував некаква голема чоколада, некаква шарена топка или мала усна армоника, а тој од својот кожен куфер извади книга со тврда подврзија и ми ја подаде: - Еве ти, Гиле, книга.
„Маслинови гранчиња“
од Глигор Поповски
(1999)
Секоја девојка што се мажела, носела — покрај сите алишта што и требат нејзе — уште и кошули, чорапи за зетот, дарови за свекор свекрва, девери, золви, јатрви; постели, завивки, та дури и некакви шарени покровчиња.
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)