Еден од треварите, постариот, и некои двајца, калуѓерски долговратиот Лазар Аргиров и кашличавиот Осип Сечковски, веќе ја кршеле со секири колата на Дмитар-Пејко, кога пред нив како куп ѕвезди ќе блесне оган да нафрлаат врз зажареноста пресно месо.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Оној со факелот в раце се наведнал, другите се изненадиле: во окото на добичето се отворала огнена пупка, лилава, потоа бакарнозелена; и смртта имала свој цвет.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Џеки веднаш ми пријде и седна на масата на која седев со тројцата,Стоунси - Брајан, Кејт и Мик.
„МАРГИНА бр. 15-16“
(1995)
По некое време дојдоа и Џеки и Кенди со некои двајца типови што не ги познавав.
„МАРГИНА бр. 15-16“
(1995)
Почна да тоне во некаква млакост, во која сите работи добиваат некоја чудна извртеност, некоја лудечка испреметканост, а пред некој негов внатрешен поглед, кој остануваше постојано да дебне и во тој полусон, кој беше исто така негов и исто онака вистинит, тој се прегрнуваше со некои двајца луѓе, што требаа да заминат, а веднаш потоа ги гледаше оние двајца како застануваат крај патеката, како дрвјата, пренатрупани со окит, од кого веѓите им беа сосема бели, а со него се прегрнуваа сега и исчезнуваа полека по снегот нагоре, едно по друго, сите тие дрвја, а тој им намавнуваше ним со рацете, со сите свои десетина раце, од кои како бели перници се стреснуваше некаков окит, а за сето време некој некаде продолжуваше да го дупчи тоа, да го пробива, се мачи постојано да го пробие, со некаква долга шилка, бела и цврста како заб, како од слонова коска, но она се надига пред таа шилка и таа ниеднаш не успева да го продупчи...
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)
Имаше уште нешто занимливо во Гламоур, Глиттер анд Голд - мислам покрај тоа што го напиша Џеки и тоа што Кенди играше во него - сите десет машки улоги ги одигра Роберт де Ниро - беше тоа негово деби.
„МАРГИНА бр. 15-16“
(1995)