Марко се реши. Некој мора да почне: — Море ми не стра, ами не?
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
БОРИС: Немој јас, немој ти, немој тој. Некој мора. Постар сум. Моето ќе биде!
„Одбрани драми“
од Горан Стефановски
(2008)
А врз некого мора да падне, некој мора да го земе на плеќи. Зошто не понудиш соработка?
„Одбрани драми“
од Горан Стефановски
(2008)
На светот му бил нужен нов ред, некој морал да ја обогати иднината со нови убавини.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Во плевната биле четири жени, сите како од еден јагленен калап извлечени во шума на ќумурџии- волшебници.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
„Некој мора да е претпоследен. Сите не можат да се први.
„Клучарчиња“
од Бистрица Миркуловска
(1992)
За да се создаде новиот култ, некој мора да се жртвува.
„Времето на козите“
од Луан Старова
(1993)
А Венеција и понатаму нека потонува
приспивно.
Некој мора и да исчезнува
бавно.
***
„Ерато“
од Катица Ќулавкова
(2008)
Се разбира, за кум го одбрале пред да му тргне колата прудолу, а јас, јас по нивна желба сум му кум на едно мало дете кое сега, откако ме сметаат за црна овца, со страв го држат што подалеку од мене.
„Црни овци“
од Катица Ќулавкова
(2012)
Очигледно, мене ми било пишано да се погрижам да не се прекине синџирот од црни овци и во мојата генерација. Некој мора, тоа сум јас.
„Црни овци“
од Катица Ќулавкова
(2012)