Левицата, впрочем, денес секаде ја игра таа улога: правдата на левицата повторно вдахнува со некоја идеја за правда, некое барање за логика и општествен морал, еден гнил апарат кој се распаѓа, кој ја губи секоја свест за својата легитимност и скоро самиот од себеси се откажува од функционирање.
„МАРГИНА бр. 8-9“
(1994)
На прв поглед, овде виновна е повеќе неверојатната случајност така што нејзината психолошка оправданост е во тоа, што ситуацијата детално коинцидира со основната позиција на самиот субјект, со што е искажан некој означувач што го застапува истиот пред останатите и го презема врз себе неговиот „симболички мандат”: се наоѓа пред некакво „che vuoi?”, пред некое барање на другиот што не може конститутивно да го приреди; инаку речено, другиот му се обраќа како субјектот да поседува нешто сокриено, некоја скапоценост, некакво Х за кое ниту самиот субјект ништо не знае.
„МАРГИНА бр. 21“
(1995)