Зад розовите грмушки мјаука по некое бело маче. Сака да има розе боја.
„Светилничар“
од Ристо Лазаров
(2013)
А таму немаше многу што да се види. Крв, крв и овд-онде по некое бело и по некое сиво влакно, единствени остатоци од мртвата овца и кучето.
„Бојан“
од Глигор Поповски
(1973)
Откога убавината ќе стапне на тревата, небото заминува на принуден годишен одмор: розите сами никнуваат, секаде каде што ќе стапне убавината.
„Светилничар“
од Ристо Лазаров
(2013)