некој (зам.) - бунило (имн.)

Можеби требаше да запрам. Но, веќе бев попаднал во некое бунило.
„Пловидба кон југ“ од Александар Прокопиев (1987)
Јас гледав во брошот; го зедов во рацете и го превртував; Јан стоеше отстрана, како во некој транс, како во некое бунило и велеше: „Јас го украдов, онаа вечер, на кејот.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Сега со болестиве на кравиве никогаш не знаеш што можеш да добиеш!
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
Не знам колку долго сум бил таму - сè што се случуваше како да ми се случуваше во некое бунило.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)